ВОЗАЧИ
• Себастијан Ветел минатата година со старт од втората позиција доминантно го освои Бразилското ГП. Тој е во потера да го постигне својот 17-ти подиум оваа сезона, за изедначување на рекордот на Михаел Шумахер од 2002 година, а може да го надмине рекордот што сега го дели со Најџел Менсел по број на освоени Пол позиции во една сезона. Уште еден рекорд дели со Михаел Шумахер и Најџел Менсел, Победи од Пол позицијата во една сезона, девет.• Марк Вебер е Победник тука во 2009 година, но до оваа негова победа пред две години, тој немаше забележано поени во Интерлагос. Тој има одличен квалификациите рекорд во Бразил, 8-1 против своите тимски колеги, победен беше само од страна на Ветел и тоа минатата година.
• Луис Хамилтон има само еден Пласман на подиумот во Интерлагос, третото место во 2009 година, со стерт од 17-тата позиција. Британецот тука во 2008 година ја завери Титулата Светски Шампион, но никогаш не водел ни еден круг во Бразил.
• Џенсон Батон исто така има само еден Пласман на подиумот во Бразил, третото место пред пет години. Тој беше петти на двете последни трки. Исто како и неговиот тимски колега, тој ја завери својата Титула Светски Шампион во 2009 година, но никогаш не бил во водство тука.
• Фернандо Алонсо има шест пласмани на подиумот од девет стартувани трки, но никогаш не победил. Еднаш беше 4-ти, а двапати не ја завршувал трката, на своето деби во 2001 година со Минарди поради проблеми со педалата за гас, и пред две години поради судир на стартот со Сутил и Трули. Како Хамилтон и Батон, тој тука ги завери неговите две Титули Светски Шампион во 2005 и 2006 година.
• Фелипе Маса тука ја забележа својата последна Победа и Пол позиција во 2008 година, кога ја загуби титулата од Луис Хамилтон. Тоа како да делуваше многу разочарувачко за него, бидејќи оттогаш тој освои само шест пласмани на подиумот и забележа три најбрзи кругови во две и пол сезони. Тој победи во Бразил и во 2006 година и беше на Пол позицијата три години по ред од 2006-2008. Само еднаш не се квалификувал во топ 10 во Интерлагос, на своето деби во 2002 година. Ова ќе биде негова 100 трка зад воланот на Ферари, но ако не се пласира на подиумот и во Бразил, тој ќе биде првиот возач на Ферари од Иван Капели во 1992 година, кој не успеал да освои нити еден подиум во цела сезона.
• Михаел Шумахер е еден од најуспешните возачи на Интерлагос. Тој има четири Победи, но има само една Пол Позиција во 2001 година, а завршил на подиумот 10 пати и само еднаш не освоил поени, во 2003 година, кога се изврте на влажната патека и не ја заврши трката.Тој секогаш се квалификувал во најдобрите десет, освен еднаш во 2004 год. кога беше на 18-тата стартна позиција.
• Нико Розберг во Интерлагос слаба точка му се квалификациите, бидејќи се пласирал во Топ 10 само двапати, од пет настапи. Негов најдобар резултат е четвртото место во 2007 година. Минатата година ја заврши трката на шесто место.
• Бруно Сена минатата сезона немаше добар настап со болидот на ХРТ, започна како 24-ти, а трката ја заврши на 21-то место. Се надева на подобар резултат со Рено пред домашната публика.
• Виталиј Петров минатата година трката ја започна од 10-тата стартна позиција, но трката ја заврши на 16-то место по очајниот прв круг во кој тој падна на 22-ро место, само пред неговиот сегашен тимски колега Бруно Сена.
• Рубенс Баричело има многу лоши настапи пред домашната публика. Има 11 откажувања од 18 започнати трки, иако има само само едно откажување во изминатите седум сезони. Неговиот најдобар резултат тука е третото место со Ферари во 2004 година. Три пати ја освојува Пол позицијата тука, но никогаш не успеа да победи.
• Адријан Сутил нема освоено поени овде, има две откажувања во четири трки. Најдобар резултат му е третата стартна позиција во 2009 година, но за жал тој не беше во можност да заврши трката по судир со Јарно Трули во првиот круг.
• Камуи Кобајаши остана забележан по дуелот со Џенсон Батон на почетокот на трката на неговото деби пред две години. Трката ја заврши на деветто место.
• Себастијан Буеми беше шести во квалификациите и седми во трката пред две години, што е неговиот најдобар резултат во Формула 1 до денес.
• Џејми Алгуерсуари досега нема започнато или завршено трка во најдобрите десет.
• Хеики Ковалаинен заврши во поени само еднаш од четири започнати трки. Тој беше седми во 2008 година, стартувајќи од петтата стартна позиција.
• Јарно Трули има добри настапи овде во квалификациите, но не и во трките. Тој има осум пласмани во топ-10 на квалификациите, но има освоено само осум поени од 14 трки во Бразил.
• Витантонио Лиуци нема освоено поени во Бразил. Негов најдобар резултат во квалификациите е 14-тата позиција во 2007 година, а во трка 11-тото место во 2009 година.
• Тимо Глок има три настапи на Бразилското ГП, со три различни тимови, Џордан(2004), Тојота(2008) и минатата година со Вирџин. Најдобар настап имаше со Тојота, кога трката ја започна од 10-тата стартна позиција, а трката ја заврши на 6-тото место.
• Пастор Малдонадо, Пол ди Реста, Серџо Перез, Жером д`Амброзио, Даниел Рикардо се дебитанти на оваа патека.
ТИМОВИ
• Ферари е најуспешниот тим во Бразил со осум победи наспроти
седум на Мекларен. Имаат три Победи по ред во периодот 2006-2008год. и во
изминатите пет години само еднаш немаа пласман на подиумот (2009 година).
• Мекларен е втор тим по победи веднаш зад Ферари во Интерлагос, но нивниот последен успех тука датира од 2005 година, со Хуан Пабло Монтоја. Во изминатите пет години Мекларен бил на подиумот само во 2007 и 2009 година. Исто така, како што сомнавме, Батон и Хамилтон никогаш не биле во водство на Бразилското ГП.
• Ред Бул е тимот победник на двете последни трки тука, и покрај што не беа пласирани на Пол позицијата.
• Рено тука ќе ја има последна своја трка. Овој Француски Ф1 тим ќе го има својот 300-ти старт овој викенд. Во изминатите три години имаат само еден подиум, Алонсо беше втор во 2008 година, и само уште еден пласман во поени со Роберт Кубица, кој беше деветти минатата година.
• Вилијамс тука ја забележа својата последна победа, во 2004 година со Монтоја, и својата последна Пол Позиција, минатата сезона со Нико Хулкенберг. Во изминатите пет Бразилски Гран При-ја, забележаа поени само два пати, со Розберг во 2007 година со четвртото место и Хулкенберг минатата година со осмото место. Моментално го имаат најлошиот пласман во конструктори од деветтото место во 1975 година и 1978 година.
• Форс Индија овде нема освоено поени, нивниот најдобар резултат е 11-тото место на Лиуци од пред две години.
• Заубер немаат овоено поени само два пати во последните пет трки, во 2006 и 2008год. Во 2009 година завршија на второто место со Кубица.
• Торо Росо има два пласмани во поени, едниот со Ветел во 2008 година, четврто место и Буеми пред две години, седмо место. Имаат само едно откажување од 10 започнати трки.
• Лотус, исто како и Рено ќе ја има својата последна трка под ова име. Од своето враќање на патеките во почетокот на 2010 година немаат освоени нити еден поен.