2012 АМЕРИКА ГП-то ДОВЕДЕНО ВО ПРАШАЊЕ?!?
11/16/2011 01:18:00 PM
0
Градежните работи на патеката во Остин, Америка, се запрени, што фрла сомнеж околу враќањето на Америка Гран При-то во 2012 година. Настанот е закажан на 18 ноември следната година на наменски изградена патека близу Остин, но изјавите од клучните претставници на фирмата задолжена за градба на патеката откриваат дека таков договор се уште не е постигнат?!?
Во соопштението од фирмата се вели дека градежните работи се суспендирани додека не биде постигнат договор дека 2012 Америка Гран при-то со сигурност ќе се одржи.
Целата работа се искомпликува кога Берни "Алчниот" Екелстоун договори уште една трка во Њујорк, Америка со што државата Тексас реши да ја откаже планираната финасиска помош на градбата на патеката во Остин, бидејќи договорот бил дека ќе има само една трка во Америка, а вака во ситуација кога имаме две планирани трки, не биле сигурни дека тоа ќе бидат добро вложени пари на даночните обврзници.
Помошта може сега може да се добие ако се одржи трка, т.е. организаторите ќе може да се надеваат на државни пари само по завршување на 2012 Америка ГП. Друга работа е што договорот за изградба на патеката и договорот за трката им го продал на две фирми, кои некако не си веруваат една на друга.
Нека продолжи вака Берни и Формула 1 наскоро ќе го гледа еден мал круг на луѓе. Во последно време се повеќе и повеќе го руши угледот на Формула 1 спортотот.
Share to other apps