Шасијата на Мерцедес АМГ пристигна во Алберт Парк!!!
"Предсезонските тестирања јасно зборуваат: Ред Бул повторно се супер-конкурентни, а Себастијан има само 24 години, па затоа тој сеуште има огромен потенцијал. Реално, се е во негова корист, тој има се што е потребно: талент, страст, храброст, бистра глава и мрази да губи. Претпоставувам дека ќе го надмине рекордот на Шумахер од седум титули. Доколку би се обложил сега, моите пари би ги ставил дека Себ ќе биде шампион, Марк Вебер втор, а трет еден од возачите на Мекларен, најверојатно Луис Хамилтон."Шефот на Формула 1 прогнозираше дека враќањето на Кими Раиконен ќе биде најголемото изненадување на новата сезона:
"Да, тој ќе биде најголемо изненадување оваа година. За време на тестовите покажа многу подобри резултати отколку што очекував. Многу сум импресиониран од Кими, а и неговиот болид е навистина добар."