Кими Антонели продолжува да ја пишува својата приказна во Формула 1.
Возачот на Мерцедес АМГ ја оствари својата осма победа сезонава и ќе остане запишан како прв победник на патеката Мадринг.
Триумф што му овозможи да ја зголеми својата предност на 81 поени во однос на Џорџ Расел, неговиот тимски колега и главен ривал за титулата. Луис Хамилтон со незавршување на трката падна на -101 поени.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ФОРМУЛА 1 СЕ ВРАЌА ВО АКЦИЈА ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА АЗЕРБЕЈЏАН ВО БАКУ.
Дури ни предизвикувачката трка, заснована на менаџирање на пневматици, не го спречи Антонели повторно да се искачи на највисокото место на подиумот.
И иако среќата одигра улога, резултатот дополнително ја истакнува извонредната сезона што ја има.
Виртуелното безбедносно возило се појави во клучен момент, кога Антонели успеа да го направи навремена промена на гумите.
Кога Ландо конечно се упати во бокс, периодот на ВБВ, заврши и заедно со лошата работа на неговите механичари ставија крај на надежите за кам-бек на првото место.
Младиот Италијанец успеа да ја искористи можноста што му се укажа, ставајќи се во привилегирана позиција, додека Норис не можеше да влијае на околности надвор од негова контрола.
Самиот Антонели по трката призна дека победата не била лесна и дека, според него, Норис повеќе ја заслужувал.
Сепак, тоа што имаше поволна ситуација не ја намалува вредноста на неговиот настап. Антонели успеа да остане во конкуренција, да ги искористи можностите кога ќе се укажеа и да се справи со остатокот од трката со смиреност на возач кој сè повеќе изгледа подготвен да се бори за Титулата.
Надвор од стратегијата, Мерцедес АМГ пронајде особено конкурентно темпо со белите гуми. Антонели ги истакна перформансите на W17 со таа смеша, еден од клучните фактори што му овозможија да ја обезбеди победата во Мадрид.
Резултатот дополнително потврдува дека успехот на Италијанецот не зависи само од брзината во еден круг или околностите на трката.
Неговата способност да управува со гумите, да одржува конзистентно темпо и да реагира под притисок стана еден од најсилните аргументи во неговата борба за шампионатот.
Лош ден за за Луис Хамилтон, кој не можеше да ја заврши трката, поради откажување на сопирачките. Ферари изгуби голем број поени на Мадринг.
Џорџ Расел ја помина целта на петто место. Овој резултат, иако му овозможи поени, не беше доволно за да го запре напредокот на неговиот тимски колега во генералниот пласман на возачи.
Со оваа најнова победа, Антонели сега има осум победи во 2026 година и ја зголеми својата предност пред Расел на 81 поен. Оваа значителна разлика ја одразува доминацијата на Италијанецот оваа сезона, особено во последните трки.
Мерцедес АМГ продолжува да ужива во привилегирана позиција во борбата за шампионската титула кај конструкторите, но внатрешната рамнотежа сè повеќе се навалува во корист на Антонели.
Расел треба да реагира веднаш, ако сака да ги задржи своите надежи за титулата. И покрај огромната предност што ја стекна, Антонели не сака ни да чуе за правење пресметки.
Тој претпочита да ја задржи истата филозофија што го донесе до тука: фокусирање на секоја трка и да продолжи да ги покажува своите најдобри перформанси.
Пораката е јасна. Антонели не сака да калкулира со своето водство или да биде задоволен со она што веќе го постигнал. Тој сака да продолжи да победува, да учи и да го одржува притисокот до самиот крај. И токму тоа е една од најимпресивните карактеристики на неговата сезона.
АНТОНЕЛИ НЕЗАПИРЛИВ, ОСМА ПОБЕДА ВО ДЕБИТО НА МАДРИНГ
9/13/2026 12:16:00 PM
0
Share to other apps








