До крајот на сезоната остануваат единаесет трки, под претпоставка дека сите ќе се одржат.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМОВИ ОД ТРКАТА, 15:00 MK, ЌЕ БИДАТ ПОСТИРАНИ НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Остануваат уште две европски трки, денешната во Монца и Големата Награда на Шпанија, која оваа сезона се вози на новата патеката, Мадринг.
Постои мала шанса сезоната да заврши во Имола, каде што се можни мразови на почетокот на декември. Секогаш е интересно кога тимовите и возачите се соочуваат со непознати услови, но со откажување на неколку трки, сопствениците на шампионатот се принудени да дадат приоритет на комерцијалните прашања, почитувајќи го минималниот договорно дозволен број на трки.
Под водство на Берни и тогашната ФИА, ваквите проблеми беа решавани брзо и во корист на спортот. Сега, Формула 1 е подготвена да испрати тимови во Имола во зима за да ја заврши сезоната по секоја цена.
Сепак, зимската трка во Имола сигурно ќе биде повозбудлива од традиционалната трка во Абу Даби. Значи, имаме густ распоред пред нас до крајот на сезоната.
Две трки по ред, една недела одмор, три по ред, една недела одмор, три по ред, една недела одмор, три по ред. Единаесет трки за 14 недели. Времето ќе лета!
За 75-годишнината од Големата Награда на Италија, организаторите извршија голема реконструкција.
Задржувајќи го својот поранешен карактер, Монца стана помодерна, новите трибини сместуваат уште повеќе гледачи, но билетите одамна се распродадени. Тифозите ја сакаат Формула 1.
Реконструкцијата на патеката го промени профилот на неколку свиоци, ажурирани се безбедносните зони, поставен е нов асфалт и рабници, а поставени се модерни штандови.
Оваа патека е една од класиците на Формула 1, изградена е во далечната 1922 година. Првотo Италијанското ГП се одржало во 1921 година во Бреша, со Jules Goux како Победник, а потоа во 1922 оваа трка се сели во Монца. Најновата конфигурација на патеката Монца дебитираше во 2000 година.
Оригиналната Монца имала над 10 километри, и од дамнешни времиња го има епитетот за храм на брзината со просечни брзини кои достигнуваат до 250км/ч., додека максималната брзина надминува 350 км/ч., па растојанието од 300 км се завршува во најкус рок од целата сезона.
Познатиот "Храм на брзината" е вистинскa патека која има потреба од низок отпор и ниска потисна сила, каде што максималната брзина е клучна за добар резултат. Трката честопати се добиваше од Пол позицијата, но во последните пет години, возачот што стартуваше од првата позиција не беше победник на истата.
Ако минатата недела трибините беа обоени исклучиво во портокалово, тогаш црвената боја доминира во Монца. Тифозите се едни од најверните навивачи и секогаш доаѓаат во голем број да го подржат својот омилен тим, кој минува низ тешки времиња. За Ферари оваа трка е историски важна.
Тимот подготви специјална тимска облека и нов изглед на болидите во чест на Михаел Шумахер. Возачите на Ферари на Италијанското ГП имаат 20 Победи, а почесто победуваа само во Германија (21 пати). Последната победа беше 2024 година, кога Чарлс Леклер се искачи на највисокото скалило на Подиумот.
53-те круга од Големата Награда на Италија на Храмот на брзината во Монца, теоретски, треба да се поминат со едно застанување во бокс, а главен протагонист ќе бидат белите гуми.
Останува да се види дали некои возачи ќе одлучат да започнат на жолтите гуми за да имаат поголема флексибилност, со добро ниво на грип на почетокот или да ризикуваат да започнат со црвените за да се обидат да напредуваат низ поредокот во раните фази од трката.
Стратегијата со две застанувања е условена од фактот што траекторијата низ боксевите е многу долга и се губи доста време при секое застанување за промена на гуми, но може да биде валиден избор доколку трката се неутрализира во кој било период.
Дарио Марафуски, Пирели: "Нашите симулации покажуваат дека стратегијата со едно запирање ќе биде најконкурентната опција во Монца, иако неколку варијации се многу блиски во однос на вкупното време на трката."
"Изборот на почетна смеша веројатно ќе зависи од карактеристиките на секој болид, како и од стратешкиот пристап што тимовите сакаат да го усвојат според нивната позиција на стартниот грид."
"Жолтите гуми се чини дека нудат најголема флексибилност, дозволувајќи им на тимовите да реагираат на какви било неутрализации или во раните фази или во подоцнежниот дел од трката."
"На хартија, најбрзата стратегија вклучува стартување на жолти, и нивна замена помеѓу 24-тиот и 30-тиот круг со белите гуми. Алтернатива, која се проценува дека е околу две секунди побавна во текот на целата тркачка дистанца, е да се премине од жолти на црвени гуми помеѓу 30-тиот и 36-тиот круг."
"Црвените гуми се покажаа како интересна опција за оние тимови/возачи кои сакаат да го искористат нивното повисоко ниво на почетен грип за да добијат позиции на долгиот правец што води до првиот свиок."
"Во ова сценарио, оптималниот прозорец за запирање во боксот би бил помеѓу 19-тиот и 25-тиот круг, при што трката би се завршила на белите гуми. Податоците потврдуваат ограничена деградација кај сите три смеши, без знаци на критично абење или значително намалување на перформансите."
"Карактеристиките на патеката, со нејзините долги правци, помагаат во контролата на температурите на задните гуми и затоа промовираат оптимално термичко управување во текот на целата трка."
"Затоа, тимовите ќе имаат неколку стратешки опции на располагање, при што сите три смеши ќе бидат целосно употребливи и способни да понудат различни можности во зависност од тоа како ќе се одвива трката."
Временската прогноза останува како и за досегашниот тек од викендот.
Во 15:00 часот, кога возачите ќе го започнат загревачкиот круг, температурата на воздухот ќе се искачи до 32-от степен, на сонце до 37 степени.
Ќе имаме минимална облачност и југоисточен ветер од 8км/ч со налети до 24км/ч. Нема никакви шанси за дожд.
На крајот на летото и почетокот на есента, се отвораше сезоната на трансфери, но во последниве години, ова прашање неочекувано ја изгуби својата популарност.
Во 2026 година, имаме само еден дебитант, Арвид Линдблад во Рејсинг Булс, и речиси и да нема прашања за составите на тимовите за 2027 година.
Останува да видиме само дали Хас ќе го отпушти Естебан Окон. Кога некогаш било објавено продолжување на договорот на актуелен шампион во сабота за време на слободна недела, со кратко соопштение како неодамнешното со Ландо Норис?
Норис и Ферстапен потпишаа значајни договори. Тие сега се врзани за своите тимови уште четири години, со што се закочува трансфер пазарот во годините што доаѓаат.
Затишјето на пазарот на возачи пред почетокот на 2026 сезоната беше објаснето со промената на прописите. Предвидувањето на распоредот на силите беше навистина тешко, сите сакаа прво да ги видат резултатите, а потоа да донесат одлука.
И откако исходот стана јасен, сите решија да се држат до своите ставови, развојот на болидот сега дава неспоредливо поголеми резултати од промената на возачот. Речиси секој тим го смета својот состав за најдобар.
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА ИТАЛИЈАНСКОТО ГРАН ПРИ
9/06/2026 11:26:00 AM
0
Share to other apps









