Пјер Гасли предизвика сензација во квалификациите за Големата Награда на Италија.
Французинот во болидот на Алпин обезбеди неочекувана Пол позиција во Монца, победувајќи го Џорџ Расел за само шест стотинки.
Никој не го очекуваше ова, но Гасли дефинитивно имаше спектакуларен настап во квалификациите. Тој беше неверојатно брз од Q1, всушност најбрз, и го задржа тоа темпо до крајот.
Пјер Гасли ја обезбеди својата единствена победа во Монца, во 2020 година, а денес ја забележа и својата дебитантска Пол позиција.
Во многу блиска квалификациска сесија, каде решаваа илјадитинки, тој беше четири десетинки од секундата побрз од својот тимски колега, Франко Колапинто, кој се квалификуваше како осми. Едно големо БРАВО за Французинот.
Расел се квалификуваше втор, пред Пјастри, Леклер, Хамилтон, Ферстапен и Антонели. Ландо Норис успеа да се пласира само на деветтата позиција, а Арвид Линдблад го заокружи поредокот на најбрзите десет возачи.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМОВИ ОД ТРКАТА, 15:00 MK, ЌЕ БИДАТ ПОСТИРАНИ НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
По три тренинг сесии на кои Џорџ Расел се издвои како фаворит, квалификациите започнаа на целосно сув асфалт на Монца и температура од 55 степени.
Лиам Лосон ја отвори Q1 сесијата, а веднаш потоа се случи стампедо на пит-линијата. Новозеланѓанецот постави почетно време од 1:24.103, кое брзо го подобрија неколку возачи.
Најбрзите возачи стартуваа со времиња во границите на 1:22...
Макс Ферстапен, најбрз во првиот обид со 1:22.631, проследен од болидот на Мерцедес АМГ една десетинка зад него и Луис Хамилтон две десетинки.
На половина од сесијата, возачите на Алпин ги изненадија сите поставувајќи време од 1:22.612, Пјер Гасли, и 1:22.662 за Франко Колапинто, за да се пласираат на првото и третото место, соодветно, со што јасно стави до знаење дека има простор за подобрување.
Сепак, неколку возачи, на пример, тие на Ферари и Ферстапен, останаа во гаражата, и не планираа второ излегување на патеката.
Сесијата беше неверојатно блиска, најбрзите 13 возачи беа распоредени во само три десетинки од секундата.
Во битката за влез во Q2, Карлос Саинц Јр. ја искористи заветрината на Алекс Албон за да постави време од 1:23.616 и за малку се пласираше на П16, последната позиција на табелата што напредува во следниот сегмент од квалификациите.
Елиминирани беа: Јуки Цунода, Алекс Албон, Валтери Ботас, Серџо Перез, Фернандо Алонсо и Ленс Строл. Очајниот Астон Мартин зависи од очајната Хонда на правците.Се очекуваше голема драма во Q2 сесиојата на Храмот на брзината. Температурата на асфалтот остана на 55 степени.
Повторно, немаше брзање да се излезе на патеката. Лосон повторно беше прв, веднаш пред Ферстапен, за да се испроба како ќе работи заветрината.
Макс стартуваше со време од 1:22.573, Лиам со 1:22.828. Нивните времиња беа брзо подобрени.
Оскар Пјастри постави време од 1:22.017 и беше најбрз во првитe обиди, следен од Ландо Норис пет стотинки зад него и, уште еднаш, изненадувачкиот Пјер Гасли на третото место, пред возачите на Мерцедес АМГ.
Арвид Линдблад беше шести, пред Франко Колапинто на седмото. Следеа Чарлс Леклер на осмото, Габриел Бортолето, Макс Ферстапен и Луис Хамилтон на П11.
Во последните минути, со многу подобрувања, Кими Антонели го намали своето време на 1:21.882 и беше најбрз, една десетинка од секундата пред возачите на Мекларен и препородениот Пјер Гасли.
Оскар Пјастри го блокираше брзиот круг на Лиам Лосон, и сосема очекувата е неговата казна од три позиции.
Во борбата за продолжување на настапот во квалификациите, возачите на Ферари се протнаа низ иглени уши. Леклер беше деветти, само седум илјадити делови од секундата побрз од Хамилтон, кој го победи Бортолето за само една илјадитинка за П10.
Тоа беше крај на настапот за Берман, Хулкенберг, Лосон, Саинц Јр. и Окон.
Првите две сесии беа полни со возбуда, а сега на ред беше Q3 сесијата каде се одредува стартниот поредок на најбрзите десет возачи. Температурата на патеката малку се намали, беше 53 степени.
Во оваа прилика, двајца возачи, Кими Антонели и Луис Хамилтон, мораа да стартуваат со користени црвени гуми при првиот обид, останатите, со нов сет на најмеката смеша.
Во првиот обид, Џорџ Расел беше најбрз со 1:21.929, но сè беше многу блиску, бидејќи Пјастри заостануваше 37, Гасли 72, а Леклер 75 илјадитинки.
Ферстапен беше петти, со една десетинка заостанување и со мала разлика во однос на Антонели. Норис, Линдблад, Хамилтон и Колапинто ги комплетираа првите 10.
Последниот обид беше чуден. Пјастри беше прв на патеката и закочи предоцна во првиот свиок, со што ја заврши својата квалификациска сесија.
Ландо Норис, кој беше зад него, ако очекуваше заветрина, не ја доби, а најверојатно се тоа влијаеше и на Макс Ферстапен кој беше блиску зад нив.
Кратко потоа, Џорџ Расел го подобри своето време, но само минимално на 1:21.846. Во таа ситуација, Пјер Гасли се појави со 1:21.786 и, за шест стотинки, ја обезбеди својата прва пол позиција во Формула 1.
Импресивен настап на Французинот. Пјастри мораше да се задоволи со третото место, кое по казната ќе се пресли на П6, а Чарлс Леклер заврши четврти, пред Хамилтон, кој беше петти.
Макс Ферстапен не можеше повеќе од шестото најбрзо време, пред Антонели, кој ќе се пресели на крајот од стартниот грид. Колапинто, Норис и Линдблад го заокружија Топ 10 поредокот.
ПЈЕР ГАСЛИ ЛЕТНА ДО ДЕБИТАНСКАТА ПОЛ ПОЗИЦИЈА НА МОНЦА
9/05/2026 02:09:00 PM
0
Share to other apps






