За време на паузата во Формула 1 неочекуван публицитет доби 2014 година и новите правила. Се очекува Косворт да биде исфрлен од игра, а Адриан Њуи, генијалецот на аеродинамиката, очекува во таа сезона моторите да се факторот кој може да даде предност на еден тим.
Според него, правилата за 2014 се уште порестриктивни за шасијата на болидот, што пак значи дека разликата во перформансите на новите мотори може да биде најголемиот фактор за Победи на трките.
"Во 2014 ќе имаме различно претставување на моторите. Зборуваме не само за моторот, како таков туку и за различните системи за обновување на енергијата кои ќе бидат споени со него. Голема е веројатноста некој од производителите на мотори да се справи со тие предизвици многу подобро од другите, што пак ќе доведе до освојување на Шампионската Титула/и. Инсталацијата на моторот се одвива со блиска соработка со производителот на истиот. Останува да видиме дали некој од тимовите ќе биде поиновативен и со тоа да добие предност".
Останува и да видиме дали Њуи со оваа изјава навестува нов адут на Ред Бул или сака да открие до каде е конкуренцијата на ова поле, а можеби и "мамка" да ги наведе останатите да размислуваат во погрешна насока. Ред Бул и се е можно.
ЊУИ: ВО 2014 МОТОРИТЕ ЌЕ ОДЛУЧУВААТ МНОГУ РАБОТИ
8/20/2012 03:29:00 PM
0
Tags
Share to other apps