Минатогодишниот болид на Вилијамс
Вилијамс е тимот кој по првите 11 трки од 2012 година има направено најголем скок во своите перформанси.
Минатата година, Вилијамс имаа само 4, додека сега имаат 53 поени. Тоа значи дека тие се подобриле за цели 1325%. Минатата година Вилијамс беа на деветтото, а сега се на седмото место.По нив на "подиумот" според оваа статистика следуваат тимовите на Лотус (Рено во 2011), кој има 290% зголемување, и трет е тимот на Заубер со 229% зголемување на бодовната залиха.
Позитивен напредок имаат уште тимовите на Форс Индија и Мерцедес АМГ. Разочарување на сезоната е тимот на Торо Росо, кој досега собра само 4 поени, додека минатата година имаше 22 поени. Ред Бул, Мекларен и Ферари исто така имаат резултат под 100%, што значи дека не се подобриле од пред една година.
П. ТИМ 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 ПОЕНИ(2012) НАПРЕДОК
7. Вилијамс 00 08 10 00 25 01 00 01 02 00 06 53 1325%
3. Лотус 06 10 08 33 27 02 22 18 18 15 33 192 291%
6. Заубер 12 18 01 00 10 00 17 02 00 20 00 80 229%
8. Форс Индија 01 08 00 08 01 10 00 16 00 02 00 46 177%
5. Мерцедес АМГ 00 01 25 11 06 18 08 23 06 07 01 133 133%
4. Ферари 10 25 02 08 18 23 11 25 30 25 12 189 88%
2. Мекларен 40 15 33 04 06 10 25 01 05 18 33 193 69%
1. Ред Бул 30 12 22 37 08 37 18 12 40 14 16 246 64%
9. Торо Росо 02 04 00 00 00 00 00 00 00 00 00 6 27%
П. ТИМ 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 ПОЕНИ(2011)
1. Ред Бул 35 37 33 43 37 37 33 40 33 27 28 383 2. Мекларен 26 22 37 20 33 23 25 20 12 25 37 280 3. Ферари 18 18 14 15 10 18 08 28 35 28 23 215 4. Мерцедес АМГ 00 02 14 10 14 00 12 06 10 10 02 80 5. Рено 15 15 02 10 04 04 10 01 04 01 00 66 6. Заубер 00 06 01 01 03 10 06 00 06 02 00 35 7. Форс Индија 03 01 00 00 00 06 00 02 00 08 06 26 8. Торо Росо 04 00 00 02 00 01 05 04 01 00 05 22 9. Вилијамс 00 00 00 00 00 02 02 00 00 00 00 4Од тимовите кои немаат освоени поени најголем напредок има Катерам, кој до минатата година беше Лотус. Сепак, резултатите не покажуваат дека направиле доволно голем чекор напред. Тимот има ист број на 13-ти и 14-ти места, како во 2011 година, но отстапува во бројот на 15-ти места. Сепак, тие имаат зголемување кај 16-18 места. Катерам бележат напредок и во процентот на завршени трки оваа сезона. Не завршија четири трки оваа година, додека во 2011 година биле шест.