Дали новиот издувен систем ќе им сонесе брзина?!?
Жил Бјанки Ферари го имаше најбрзото време на денешната тест сесија за млади возачи на патеката Magny-Cours, Франција.
Французинот го заврши денот половина секунда побрз од Луис Рациа со болидот на Форс Индија.Бјанки, кој оваа година е резервен возач на Форс Индија, заврши 87 круга, со најдобро време од 1:18.070. Ферари проценуваше ново предно крило, како дел од аеродинамичкиот развој на болидот. Но, Бјанки не ја заврши сесијата до крај, поради повторни проблеми со Ф2012. Бјанки, утре ќе се префрли во болидот на Форс Индија, бидејќи овој тим оценува дали има доволен потенцијал за да вози во нивниот тим следната година. Давид Ригон ќе го преземе болидот на Ферари.
Луис Рациа, со Форс Индија беше втор, а и во овој тим испробуваа ново предно крило, а Бразилецот предивика и црвени знамиња во еден момент поради извртување на патеката.
Третиот најбрз Сем Бирд беше во центарот на вниманието во текот на денот пред се поради тоа што од Мерцедес АМГ го претставија својот нов издувен систем како дел од важна надградба на W03. Тој постави најдобро време на 1:19.094 и комплетираше 95 круга.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Жил Бјанки Ферари 1:18.070
2. Луис Рациа Форс Индија 1:18.535 + 0.465
3. Сем Бирд Мерцедес АМГ 1:19.094 + 1.024