Жил Бјанки брз со сите болиди што ги вози?!?
На вториот ден од тест сесијата повторно Жил Бјанки остана на чело на табелата, но овој пат со болидот на Форс Индија. Втор најбрз беше Сем Бирд со Мерцедес АМГ, а трет беше Давид Ригон со Ферари. Денес овие млади возачи имаа полна рака работа, и сите тројца извозеа над 100 круга. Најмногу извозе Ригон, дури 165.Мерцедес АМГ го започна денот со болид на кој беа старите ауспуси кои тимот ги користеше во трките досега. Подоцна повторно со новите ауспуси.
Жил Бјанки, кој денес со болидот на Форс Индија заврши 117 круга, утре повторно ќе биде на патеката, но се враќа во болидот на Ферари. За Форс Индија утре ќе вози Рудолф Гонзалес. Во Мерцедес АМГ, Брендон Хартли ќе го замени Сем Бирд.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Жил Бјанки Форс Индија 1:16.467
2. Сем Бирд Мерцедес АМГ 1:17.482 +1.015
3. Давид Ригон Ферари 1:17.925 +1.458