Џенсон Батон, кога е погоден болидот, тој е екстремно брз.
Штета што тоа не му успева баш често !!!
Џенсон Батон конечно ја забележа својата Прва Пол позиција со тимот на Мекларен со неверојатно брзото возење на квалификациите за Белгиското Гран При. Камуи Кобајаши го забележа својот прв пласман на првиот стартен ред, а Пастор Малдонадо го заокружи денешниот "подум". Изненадување приреди и светскиот шампион, Себастијан Ветел, кој не успеа да ја помине Q2 сесијата.Штета што тоа не му успева баш често !!!
Тимот на Лотус ја подобрува својата форма на квалификациите, па со Кими успеаа да завршат на четвртата позиција, но Роман Грожан имаше мала несигурност за само 9-та позиција. Брзината на Заубер ја потврди и Серџо Перез со 5-тата, а лидерот во Шампионатот, Фернандо Алонсо, не можеше да ги повтори утринските перформанси, па трката ќе ја започне само од шестата позиција.
Мекларените беа на различни подесувања, а овојпат погрешниот сет-ап го имаше Луис Хамилтон кој беше осми најбрз возач, но ќе добие едно стартно место понапред кога Ред Бул-от на Марк Вебер ќе биде деградиран пет места од освоената седма позиција поради промена на менувачот. Пол ди Реста со Форс Индија ги заокружи најбрзите 10 болиди.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Џенсон Батон Мекларен 1:47.573
2. Камуи Кобајаши Заубер 1:47.871 + 0.298
3. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:47.893 + 0.320
4. Кими Раиконен Лотус 1:48.205 + 0.632
5. Серџо Перез Заубер 1:48.219 + 0.646
6. Фернандо Алонсо Ферари 1:48.313 + 0.740
7. Марк Вебер Ред Бул 1:48.392 + 0.819
8. Луис Хамилтон Мекларен 1:48.394 + 0.821
9. Роман Грожан Лотус 1:48.538 + 0.965
10. Пол ди Реста Форс Индија 1:48.890 + 1.317
Q2 Најбрзо време: Џ.Батон 1:47.654 Разлика
11. Себастијан Ветел Ред Бул 1:49.722 + 0.472
12. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:49.362 + 0.112
13. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:49.742 + 0.492
14. Фелипе Маса Ферари 1:49.588 + 0.338
15. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:49.763 + 0.513
16. Даниел Рикардо Торо Росо 1:49.572 + 0.322
17. Бруно Сена Вилијамс 1:49.958 + 0.708
Q1 Најбрзо време: П.Малдонадо 1:48.993 Разлика
18. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:50.181 + 1.188
19. Хеики Ковалаинен Катерам 1:51.739 + 2.746
20. Виталиј Петров Катерам 1:51.967 + 2.974
21. Тимо Глок Марусија 1:52.336 + 3.343
22. Педро де ла Роса ХРТ 1:53.030 + 4.037
23. Чарлс Пик Марусија 1:53.493 + 4.500
24. Нараин Картикејан ХРТ 1:54.989 + 5.996
107 време: 1:56.622