Нови две казни по Квалификационта сесија, Себастијан Ветел ќе мора да плати 10.000 € казна за недозволено вежбање стартови на излезот од боксовите. Овој викенд во Белгија тоа не било дозволено, а Себ прекршокот го направил за време на денешната тренинг сесија.
Неизбежниот, Пастор Малдонадо, ќе мора да ја започне трката со казна од три стартни места поназад, поради блокирање на Нико Хулкенберг за време на Q1 сесијата. Така да тој ќе стартува од шестата позиција.
Единствен возач што се спаси од казна е Кими Раиконен, кој беше разгледуван од страна на стјуардите поради недозволено кратење на патеката, при поставување на брз круг.
За Џенсон Батон ова беше прва пол-позиција од 2009 Монако ГП. Денес имаше импресивни перформанси, забележа одлично време, што му ја обезбеди пол-позицијата.
Нормално тој беше еден од најрасположените возачи по квалификациите:
"Јас чекав долго време за ова, од 2009... Многу емоционален ден за мене. Но, во саботите сум прилично добар, но работите не одат како треба во недела за време на трките. Имав добри квалификации, пред се поради исклучително добриот баланс, а болидот се однесуваше баш како што јас најмногу посакувам. Дождливото време ни донесе непланирани проблеми, но тоа не влијаеше на нашиот баланс".
Камуи Кобајаши го забележа својот најдобар пласман во Ф1 квалификациите со втората стартна позиција:
"Спа е една од нашите омилени пaтеки, но ние не очекувавме да бидеме втори. Мислам дека имаме одлична можност за утрешната трка, па ова е навистина добар рестарт на сезоната. Јас секогаш повеќе се фокусирам за трката, а не за квалификациите, па со овој сет-ап, ова е одлична позиција. Доколку можеме да дојдеме до подиумот утре, тоа ќе биде супер".
Пастор Малдонадо нема освоено бодови откако победи на Големата награда на Шпанија, пред се благодарение на големиот број на инциденти и казни. Денес повторно со казна, па му е одземена третата стартна позиција, но тој е задоволен од прикажаното:
"Ние работевме напорно за што подобро го разбереме нашиот болид за вториот дел од сезоната. Утринава имавме потешкотии со сет-апот, но успеавме да ги надминеме. Ме радува тоа што тимот може да реагира, па се надевам дека во втората половина од сезоната ќе ги надминеме сите грешки што ги направивме претходно. За трката сум голем оптимист. Можеби бев загрижен ова утро, но јас се прилагодив на условите на патеката".
2012 БЕЛГИСКО ГП: ИЗЈАВИ И НОВОСТИ ПО КВАЛИФИКАЦИИТЕ
9/01/2012 07:08:00 PM
0
Tags
Share to other apps