Моторите на Мерцедес имаат најмногу потенцијал!!!
Луис Хамилтон со својот Мекларен ја потврди брзината на моторите на Мерцедес и го забележа најбрзото време на вториот слободен тренинг на Монца. Веднаш зад него се Џенсон Батон и Фернандо Алонсо кои имаат незначително заостанување, кое е изразено во стотинки. Оваа тренинг сесија ја одбележаа проблемите на Ферари со болидот на Алонсо, кој по замената на моторот по првиот тренинг, повторно 20 минути пред крај сега имаше проблеми со менувачот, кој што ќе треба да биде заменет. Од Ферари потврдија дека Алонсо ќе биде со друг менувач утре и нема да добие казна. Она што повеќе ќе им наштети е недостатокот на долга серија кругови на Алонсо, но тука беше Маса, кој денес беше меѓу најбрзите возачи, па механичарите на Алонсо ќе треба да се потпираат на информациите собрани од Бразилецот.
Конкурентите за победа во Монца се прилично блиску, а првите осум возачи се собрани во помалку од 3 десетинки од секундата. Кој ќе биде на Пол позицијата ќе решаваат стотинки, можеби илјадитинки. Се ова треба да допринесе за многу возбудливи Квалификации утре. Повторно добра презентација на Мерцедес АМГ, но сега Розберг на петтата позиција, а Шумахер на десетата, но тој имеше недостаток што неговиот ДРС-систем не работеше, кој би му дал околу уште половина секунда и повеќе при најбрзиот круг.
Како што кажавме тимовите со Мерцедес мотори се покажаа добри на оваа патека, па така не изненадува добриот пласман на возачите на Форс Индија. Ди Реста на седма позиција, Хулкенберг на осмата позиција, со разликата од само една илјадитинка од секундата. Во најбрзите 10 возачи повторно ги немаше возачите на Ред Бул. Вебер остана на 11-та позиција, а Ветел на 13-та позиција. И двајцата возачи по тренингот изјавија дека нивното темпо за трка е добро, но им недостасува квалификациска брзина.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мекларен 1:25.290 32
2. Џенсон Батон Мекларен 1:25.328 + 0.038 35
3. Фернандо Алонсо Ферари 1:25.348 + 0.058 17
4. Фелипе Маса Ферари 1:25.430 + 0.140 43
5. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:25.446 + 0.156 41
6. Кими Раиконен Лотус 1:25.504 + 0.214 42
7. Пол ди Реста Форс Индија 1:25.546 + 0.256 40
8. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:25.547 + 0.257 36
9. Серџо Перез Заубер 1:26.068 + 0.778 32
10. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:26.094 + 0.804 38
11. Марк Вебер Ред Бул 1:26.104 + 0.814 35
12. Жером д`Амброзио Лотус 1:26.157 + 0.867 36
13. Себастијан Ветел Ред Бул 1:26.394 + 1.104 31
14. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:26.404 + 1.114 42
15. Даниел Рикардо Торо Росо 1:26.724 + 1.434 33
16. Камуи Кобајаши Заубер 1:26.730 + 1.440 17
17. Бруно Сена Вилијамс 1:26.783 + 1.493 39
18. Хеики Ковалаинен Катерам 1:26.841 + 1.551 39
19. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:26.864 + 1.574 36
20. Виталиј Петров Катерам 1:27.222 + 1.932 36
21. Тимо Глок Марусија 1:27.944 + 2.654 36
22. Чарлс Пик Марусија 1:27.968 + 2.678 36
23. Педро де ла Роса ХРТ 1:28.575 + 3.285 34
24. Нараин Картикејан ХРТ 1:28.779 + 3.489 21
ТАБЕЛА СПОРЕД ПОСТИГНАТАТА НАЈГОЛЕМА БРЗИНА
П. ВОЗАЧ БРЗИНА РАЗЛИКА
1. Жером д`Амброзио 345.4
2. Кими Раиконен 343.0 - 2.4
3. Џенсон Батон 342.3 - 3.1
4. Луис Хамилтон 341.9 - 3.5
5. Пол ди Реста 341.7 - 3.7
6. Нико Хулкенберг 341.3 - 4.1
7. Серџо Перез 339.4 - 6.0
8. Камуи Кобајаши 339.3 - 6.1
9. Михаел Шумахер 338.4 - 7.0
10. Нико Розберг 338.4 - 7.0
11. Хеики Ковалаинен 338.0 - 7.4
12. Педро де ла Роса 338.0 - 7.4
13. Фернандо Алонсо 337.9 - 7.5
14. Виталиј Петров 337.5 - 7.9
15. Фелипе Маса 337.3 - 8.1
16. Даниел Рикардо 336.7 - 8.7
17. Жан-Ерик Верн 336.5 - 8.9
18. Чарлс Пик 336.4 - 9.0
19. Тимо Глок 335.8 - 9.6
20. Нараин Картикејан 333.7 -11.7
21. Бруно Сена 333.4 -12.0
22. Пастор Малдонадо 333.2 -12.2
23. Марк Вебер 329.1 -16.3
24. Себастијан Ветел 328.7 -16.7