Мерцедесот е силен на брзи патеки !!!
Михаел Шумахер го постави најдоброто време на првиот слободен тренинг за Италијанското ГП во Монца. Шпекулациите околу неговата иднина како да го налутија, па Германецот го забележа времето 1:25.422, што никој не можеше да го надмине, а најблиску до него беше повторно одличниот Џенсон Батон со Мекларен, кој заостана за 0.3 секунди. Батон успеа да го победи вториот Мерцедес на Нико Розберг кој беше трет најбрз возач.Мерцедес АМГ изгледаат доста брзи во оваа фаза од викендот, но директна споредба со претходната година покажува дека времињата се доста бавни. Минатата година најбрзото време од првиот тренинг беше на Хамилтон 1:23.8. Но, да напоменеме дека на првиот тренинг ги видовме само гумите со тврдата компонента, а на вториот тренинг, најверојатно ќе ги видиме и медиум гумите на Пирели. Мекларен и Ферари не изгледаат ни малку далеку од времињата на Мерцедес АМГ, а релативно блиску е и тимот на Лотус. За сега само Ред Бул не покажуваат брзина, но не треба да ги отпишуваме прерано.
Кога сме кај проблемите, Алонсо го запре својот болид на патеката со пет минути до крајот на сесијата. Тој објасни дека почуствувал чудни звуци од неговиот мотор, па затоа го изгаснал болидот на патеката. Останува да видиме дали и каков технички проблем има неговиот болид. Проблеми со хидрауликата на неговиот болид имаше и Пастор Малдонадо, кој, исто така, застана на патеката кон крајот на сесијата.
Ма Кинг Хуа стана првиот кинески возачот кој го почуствувал овој мотоспорт и заврши 26 круга во болидот на Нараин Картикејан. Беше убедливо најспор, што е разбирливо. Жером д`Амброзио беше на местото на суспендираниот Роман Грожан. Тој заврши 29 круга и го постави 15-тото најбрзо време, но беше за секунда побавен од својот тимски колега Раиконен. Монца ја почуствуваа и Жил Бјанки со Форс Индија и Валтери Ботас со Вилијамс.
РЕЗУЛТАТИ ОД ПРВИОТ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:25.422 26
2. Џенсон Батон Мекларен 1:25.723 + 0.301 29
3. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:25.762 + 0.340 26
4. Ферндо Алонсо Ферари 1:25.800 + 0.378 22
5. Фелипе Маса Ферари 1:25.861 + 0.439 27
6. Луис Хамилтон Мекларен 1:25.944 + 0.522 30
7. Кими Раиконен Лотус 1:26.046 + 0.624 25
8. Серџо Перез Заубер 1:26.323 + 0.901 26
9. Марк Вебер Ред Бул 1:26.390 + 0.968 24
10. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:26.504 + 1.082 19
11. Себастијан Ветел Ред Бул 1:26.508 + 1.086 18
12. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:26.518 + 1.096 21
13. Валтери Ботас Вилијамс 1:26.641 + 1.219 26
14. Камуи Кобајаши Заубер 1:26.746 + 1.324 23
15. Жером д`Амброзио Лотус 1:27.180 + 1.758 29
16. Жил Бјанки Форс Индија 1:27.192 + 1.770 22
17. Даниел Рикардо Торо Росо 1:27.373 + 1.951 25
18. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:27.789 + 2.367 24
19. Хеики Ковалаинен Катерам 1:27.855 + 2.433 27
20. Виталиј Петров Катерам 1:28.578 + 3.156 20
21. Чарлс Пик Марусија 1:28.751 + 3.329 26
22. Тимо Глок Марусија 1:29.207 + 3.785 21
23. Педро де ла Роса ХРТ 1:29.331 + 3.909 21
24. Ма Кинг Хуа ХРТ 1:31.239 + 5.817 26