Победникот на трката, Луис Хамилтон, ја забележа својата 20-та Победа во кариерата и тоа на лесен начин, и според него таа во нити еден момент не била доведена во прашање по добриот старт.
"Имав предност од 14 секунди, мислам дека беше точно 14.5, а Перез беше за една секунда по круг побрз од мене. Се обидов само да го балансирам тоа во последните осум кругови од трката. Многу е мала разликата помеѓу нас и Ферари, a очигледна беше и брзината на Заубер, но ние успеавме да завршиме одлична работа. Имаме навистина добар пакет во последниве неколку трки и навистина е голема штета што не успеав да го извлечам максимумот од тоа. Но добро е што имам две победи во последните три трки и мислам дека можеме да продолжиме со ова темпо."
"Разликата помеѓу мене и Алонсо беше поголема од 40, а сега е 37 поени. Малку по малку успевам да ја намалувам. Кога ми кажаа дека Фернандо е на второ место, се прашував како успеал да стигне таму откако стартуваше на 10-ти. Но потоа ми јавија дека е под притисок на Перез и дека потоа е претекнат. Се надевав дека уште некој ќе успее да го претекне, но тоа не се случи. Сепак, успеавме да завршиме добра работа."
Серџо Перез импресионираше со денешниот перформанс, како на стратегиски план, така и на демонстрираната импресивна брзина со својот Заубер.
Откако стартуваше од 12-тата позиција, успеа да финишира на 2-ро место со заостанување од само 4.3 секунди зад Луис Хамилтон. Ова беше негов трет пласман на подиумот:
"Ова беше одлична трка за мене и за мојот тим. Навистина е неверојатно да се биде на подиумот на Монца со сите фанови наоколу. Тоа е нешто навистина посебно. Трката ја започнав со тврди гуми, поради што можев подолго да останам на патеката, за потоа да преминам на медиум и да имам посвежи и побрзи гуми на крајот. Навистина е неверојатно да се биде овде"
Фернандо Алонсо изјави дека ова е совршен резултат за Ферари и него, а се осврна и за инцидентот помеѓу него и Ветел:
"Ова на крајот излезе одличен викенд за нас. По вчерашниот проблем, воопшто не беше лесно да се размислува за победа. Па затоа, доколку не можете да победите, подиумот е следната цел. Сите симулации и предвидувања велеа дека нема да завршиме на подиумот, па затоа е многу подобро од очекуваното. Џенсон Батон не ја заврши трката, а исто така и двата болиди на Ред Бул, па затоа ова е одличен викенд за нас."
"Mинатата година немаше казна, а оваа имаше. Во тоа е
големата разлика помеѓу овие два инциденти за луѓето што го разбираат
овој спорт. Бев задржан позади него околу 10 кругови и загубив многу време, а загубив време и поради инцидентот. Сигирно дека мојот болид е оштетен бидејќи скокав на тревата при брзина од 330км/ч. Мислам дека има оштетување на подот на болидот."
2012 ИТАЛИЈА ГП: ИЗЈАВИ НА ПОБЕДНИЧКАТА ТРОЈКА
9/09/2012 07:40:00 PM
0
Tags
Share to other apps