Луис Хамилтон лесно до Победата!!!
Луис Хамилтон ја забележа својата Прва Победа на Монца. Поведе со совршен старт за него, направи разлика, и кога забележа дека никој не може да го победи, со леснотија го доведе својот болид до нов триумф. Хамилтон доминираше на трката, а целата акција во трката се одвиваше зад него.Битката за второто место ја доби можеби најдобриот тактичар денес, Серџо Перез, со болидот на Заубер и беше само 4.3 секунди зад Мекларенот. За разлика од сите фаворити, Перез стартуваше со тврдите гуми на Пирели, што му овозможи да влезе во бокс дури во 29-от круг од трката, во моменти кога се наоѓаше на водечката позиција, што покажува дека болидот на Заубер беше доволно брз. Инаку бадијала добра тактика, ако не си брз. По промената на гуми, на патеката се врати на шестото место, ги искористи проблемите на Ветел и Батон, а потоа започна да лета по патеката, и беше 1,5 секунди побрз од болидите пред него на медиум гумите на Пирели. Со оглед на неговата брзина, имаше лесни претекнувања на Маса и Алонсо, но Хамилтон беше предалеку. На крај ова беше неговиот трет подиум во оваа одлична сезона за него.
Фернандо Алонсо заврши на одличното за него трето место, откако мораше да стартува од десетата позиција. Тоа си го овозможи со одличен старт, кога по првиот круг веќе имаше надокнадено 4 места. Подоцна, Алонсо, покрај својата умешност, ја икористи и казната за Себ, поради негово истуркување од патеката при нивниот дуел, а потоа и помошта од својот тимски колега, Фелипе Маса.
Фелипе Маса трката ја заврши на четвртото место. Трката ја започна со добар старт го помина Батон, но кога неговите гуми почнаа први да попуштаат, лесно беше поминат од Батон во 19-от круг. Маса мораше во бокс за да ги промени своите гуми, и на патеката се врати во гужва од болиди, па Батон беше во можност мирно да излезе пред него на чиста патека и покрај бавниот пит-стоп.
На повидок беше лесна 1-2 победа за Мекларен, но трката за Батон заврши ненадејно поради проблеми со доводот на гориво и тој мораше да го паркира својот болид надвор од патеката, пред влезот во познатата Параболика. Со тоа Маса се врати на второ место, а Алонсо веќе беше трет, по казната на Ветел, кој исто како и Џенсон мораше предвреме да ја заврши трката поради истите проблеми од Валенсија, т.е. алтернаторот на неговиот болид, на шест круга до крајот.
Кими Раиконен со Лотус, заврши на 5-то место пред двата болиди на Мерцедес АМГ, Михаел Шумахер и Нико Розберг. Пол ди Реста на крај само осми, а Камуи Кобајаши во вториот Заубер и Бруно Сена со Вилијамс ги заокружија освојувачите на поени на денешната трка.
ГОЛЕМА НАГРАДА НА ИТАЛИЈА, МОНЦА
53 круга, 306.720км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Луис Хамилтон Мекларен 1ч19:41.221
2. Серџо Перез Заубер + 4.356
3. Фернандо Алонсо Ферари + 20.594
4. Фелипа Маса Ферари + 29.667
5. Кими Раиконен Лотус + 30.881
6. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ + 31.259
7. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 33.550
8. Пол ди Реста Форс Индија + 41.057
9. Камуи Кобајаши Заубер + 43.898
10. Бруно Сена Вилијамс + 48.144
11. Пастор Малдонадо Вилијамс + 48.682
12. Даниел Рикардо Торо Росо + 50.316
13. Жером д`Амброзио Лотус + 1:15.861
14. Хеики Ковалаинен Катерам + 1 круг
15. Виталиј Петров Катерам + 1 круг
16. Чарлс Пик Марусија + 1 круг
17. Тимо Глок Марусија + 1 круг
18. Педро де ла Роса ХРТ + 1 круг
19. Нараин Картикејан ХРТ + 1 круг
20. Марк Вебер Ред Бул + 2 круга
21. Нико Хулкенберг Форс Индија + 3 круга
22. Себастијан Ветел Ред Бул + 6 круга
Најбрз Круг: Нико Розберг - 1:27.239
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ При круг
Џ.Батон Мекларен 32
Ж.Верн Торо Росо 8
Генерален пласман по 13 трки:
ВОЗАЧИ: КОНСТРУКТОРИ:
1. ф.Алонсо 179 1. Ред Бул 272
2. Л.Хамилтон 142 2. Мекларен 243
3. К.Раиконен 141 3. Ферари 226
4. С.Ветел 140 4. Лотус 217
5. М.Вебер 132 5. Мерцедес АМГ 126
6. Џ.Батон 101 6. Заубер 100
7. Н.Розберг 83 7. Форс Индија 63
8. Р.Грожан 76 8. Вилијамс 54
9. С.Перез 65 9. Торо Росо 12
10. Ф.Маса 47
11. М.Шумахер 43
12. К.Кобајаши 35
13. П.ди Реста 32
14. Н.Хулкенберг 31
15. П.Малдонадо 29
16. Б.Сена 25
17. Ж.Верн 8
18. Д.Рикардо 4