Според постигнатите денешни резултати Ред Бул и Мекларен ќе се борат за Пол позиција, а за победа во недела мора да го додадеме и Ферари. И покрај големата разлика меѓу Ветел и Батон сепак утре во квалификациите предноста може и да не биде во корист на Ред Бул. Ветел последен го забележа најбрзиот круг, а како што знаеме условите на патеката, особено по дождот пред првиот тренинг се подобруваат постојано.
Прилично постојани времиња при долгите стинтови од Фернандо Алонсо и Себастијан Ветел, а времињата на Батон и Хамилтон во последните кругови на долгите стинтови се подобрија.
Мерцедес АМГ е тимот од кој се очекуваше повеќе, по најавените надградби на болидот кои требаше да им донесат приближување до најбрзите тимови, но денес тоа не се забележуваше, Нико Розберг со осмо најбрзо време, а Шумахер не ни влезе во најбрзирте десет.
Форс Индија продолжуваат да се претставуваат доста добро на уличните патеки со постојани и прилично пристојни времиња. За разлика од нив Заубер не изгледаа баш најдобро. Лотус исто така не покажаа брзина, но тие често работат на малку поинаква програма во петок, па да почекаме до утрешниот тренинг пред да ги отпишеме од најбрзите.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1:48.340 27
2. Џенсон Батон Мекларен 1:48.651 + 0.311 24
3. Фернандо Алонсо Ферари 1:48.896 + 0.556 26
4. Марк Вебер Ред Бул 1:48.964 + 0.624 26
5. Луис Хамилтон Мекларен 1:49.086 + 0.746 28
6. Пол ди Реста Форс Индија 1:49.300 + 0.960 30
7. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:49.339 + 0.999 31
8. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:49.790 + 1.450 32
9. Фелипе Маса Ферари 1:50.039 + 1.699 28
10. Роман Грожан Лотус 1:50.161 + 1.821 23
11. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:50.263 + 1.923 23
12. Кими Раиконен Лотус 1:50.345 + 2.005 24
13. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:50.636 + 2.296 32
14. Даниел Рикардо Торо Росо 1:50.791 + 2.451 26
15. Серџо Перез Заубер 1:51.122 + 2.782 28
16. Камуи Кобајаши Заубер 1:51.450 + 3.110 21
17. Бруно Сена Вилијамс 1:51.452 + 3.112 11
18. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:52.009 + 3.669 31
19. Тимо Глок Марусија 1:52.218 + 3.878 29
20. Хеики Ковалаинен Катерам 1:52.576 + 4.236 27
21. Чарлс Пик Марусија 1:52.863 + 4.523 27
22. Виталиј Петров Катерам 1:52.936 + 4.596 25
23. Педро де ла Роса ХРТ 1:54.448 + 6.108 25
24. Нараин Картикејан ХРТ 1:54.514 + 6.174 30