Алан Прост се врати во кокпитот на современиот Ф1 болид овој викенд. За прв пат по 1996 година, кога го испроба болидот на Мекларен, сега седна во шампионскиот Ред Бул RB6 на патеката Пол Рикард, Франција. Тоа беше во рамките на неговата улога како амбасадор на Рено.
Тој утринава извозе серија на кругови, заедно со Роман Грожан, кој го возеше боидот на Рено R30 од 2010 година.
"Знам дека не можев да правам лудории со непознат болид, но извозев доволно за да го почуствувам и оценам модерниот Ф1 болид. Тој не е премногу различен, само што алатките се користат поинаку. Вие треба само да се навикнете на него. Ако немате возено модерен болид, невозможно е да се спореди со старите болиди. Ова беше многу убаво искуство и јас уживав."
ПРОСТ ГО ПРОБА ПОБЕДНИЧКИОТ БОЛИД НА РЕД БУЛ
9/30/2012 02:16:00 PM
0
Tags
Share to other apps