Ќе бидат ли тимски колеги и следната година!!!
Луис Хамилтон призна дека бил изненаден од освојувањето на Пол позицијата во Монца бидејќи неговиот најбрз круг не бил доволно добар. Тој чувствувал дека можел да направи многу подобро време."Мислам дека денешниот тренинг беше многу подобар за мене, јас имав многу побрзи кругови утринава. Мислам дека најбрзиот круг во Квалификационата сесија не беше ни во близина на доволно добар, а јас бев неколку десетинки побавен во мојот втор круг, се најдов во колона од болиди, па не бев во можност да го подобрам првичното време. Сепак јас сум среќен и задоволен за тимот, бидејќи тие прават фантастична работа. Тие имаа голем успех во последната трка со Џенсон и да не имаа на овие позиции е она што тие го заслужуваат."
"Константните шпекулации за мојата иднина, не ми прават никакви пречки овој викенд. Поддршката од семејството и пријателите е неверојатна па јас уживам за време на викендот, а тоа е прилично добар викенд досега"
Џенсон Батон исто така задоволен со пласманот на првиот стартен ред:
"За нас возачите да се биде на првиот ред е фантастично, исто така и за тимот. На последните три трки ние покажавме сила, и да се пласираат двата болида на првиот стартен ред е голема работа, па ви благодарам многу. Не е толку важно кој е рамо до рамо со вас, бидејќи првата кривина секогаш е интересна, особено поради тоа што има долг до неа. Не можете да го планирате стартот."