Фернандо Алонсо изјави дека ја пропуштил шансата за една од "најлесните" прилики за освојување на Пол позицијата во оваа сезона, откако најверојатно се скршил задниот анти-ролбар на неговиот болид во Q3 за Италијанското Гран При:
"Штета за нашиот тим, бидејќи мислам дека ова ќе беше една од најлесно освоените Пол позиции оваа сезона за нас. Во Q1 кога не форсиравме направив 1:24.1, па во Q3 нашиот таргет беше под 1:24.0, што ќе беше лесно за нас да се направи. Ние изгубивме една голема можност, но ништо не можеме да направиме сега. Ние ќе се обидеме да бидеме силни утре, болидот ќе биде поправен и ќе видиме што можеме да направиме од 10-тата стартна позиција. Проблемите настанаа на почетокот на Q3 сесијата, па немавме време да ги поправиме, па излегов на патеката само за да видиме дали може да се победи некој од останатите болиди, но за жал не можевме бидејќи изгубивме премногу од перформансите".
АЛОНСО: ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА ЌЕ БЕШЕ МОЈА СО ГОЛЕМА РАЗЛИКА!!!
9/08/2012 04:54:00 PM
0
Tags
Share to other apps