Време е за пренесеување на диригентската палка !!!
Мониша Калтенборн стана првата жена шеф на тим од Формула 1. Веста не е изненадување, бидејќи пред подолго време Петер Заубер изјави дека ќе се повлече од функцијата, кога ќе наполни 70 години. Тој ќе продолжи да биде претседател на бордот на директори на Заубер Груп. Калтенборн поседува 30% од тимот на Заубер."Решивме одамна дека Мониша ќе ја преземе оваа функција од мене, но немавме дефинирано точен датум. Сега е добро време за нас двајцата, па ова е вистинскиот момент да и ја предадам палката. Оваа сезона не бев во можност да присутвувам на голем број на трки, како и на неодамнешното Јапонско Гран При, каде што тимот имаше одлични перформанси. Јас не се сомневам дека Мониша ги има сите потребни вештини за да биде одличен тимски шеф, и јас сум подеднакво сигурен дека таа ќе ги промовира вредностите на нашата компанија. Тоа е многу важно за мене."
Мониша Калтенборн, Австријка од индиско потекло, се придружи на компанијата во 2000 година, и беше шеф на правниот оддел, не долго потоа беше назначена за член на Одборот на директори, и ја презеде функцијата на извршен директор во јануари 2010 година. При крајот на 2011, Петер Заубер пренесува една третина од акциите на компанијата на нејзиното име.