Формула 1 шампионатот продолжува на Далечниот Исток, ја оставаме Јапонија зад нас и се насочуваме кон Јужна Кореја. Ова ќе биде петта трка една по друга во сезоната што значи дека тимовите немаат многу време да се релаксираат и мора да ги одржуваат нивните нивоа на работа и концентрација. Меѓународната патека во Кореја е изградена во 2010 година и тогаш се одржа и првото Формула 1 Гран При. Тоа е патека која се вози во обратна насока на стрелките на часовниците и која е составена од постојана и повремена секција. Дизајнирана е од Херман Тилке, има 1,2 км долг правец, каде што болидите достигнуваат брзина од над 310 км/ч. Но, вештината на возачот и на сопирачките на болидот исто така се тестираат во делот на бавните кривини.
По елиминацијата во Јапонија, предноста на Алонсо е само четири поени пред Ветел, а Ферари изгледа како да имаат потреба од драстични подобрувања на нивниот болид, ако сакаат да се борат за титулата. Од друга страна, нивниот ривал тимот на Ред Бул доминираше на трката во Јапонија, и доста специјалисти беа изненадени од двојниот ДРС кој беше забележан на нивниот болид. Се чини дека, овој систем во комбинација со новото предно крило може да биде одлучувачки чекор во борбата за титулата. А се зборува дека во Кореја ќе имаат и уште промени.
Од битката за титулата не би требао да ги отпишеме ни Кими Раиконен кој заостанува 37 поени, а на уште пет зад него е Луис Хамилтон. Се очекува Лотус да имаат доста подобрувања на болидот, највидливо ќе биде воведувањето на издувен ситем со т.н. коанда ефект, нешто со што водечките тимови одамна располагаат. Мекларен не беше во форма на минатата трка, но дали станува збор за траен ефект или тоа беше само грешка во сет-апот на болидот допрва ќе дознаеме.
Времето се очекува да биде сончево, а Пирели ги донесе своите гуми со мека и супер мека компонента. Вљубениците во овој мотоспорт имаат само едно очекување - Супер интересна трка, која го крева адреналинот!!!
СЛЕДНА Ф1 СТАНИЦА 2012 КОРЕЈА ГРАН ПРИ
10/11/2012 12:12:00 PM
0
Tags
Share to other apps