Себастијан Ветел го презеде водството уште во првата кривина!!!
Себастијан Ветел го презеде водството во Формула 1 шампионатот со нова трета последователна и доминантна победа на Корејското Гран При. Нова еден-два победа за тимот на Ред Бул, со Марк Вебер на второто место. Австралијанецот кој стартуваше од Пол позицијата уште на стартот го предаде водството на Ветел, за мирна трка до крајот.
Фернандо Алонсо се избри за третото место исто така уште во првиот круг, но немаше одговор за темпото на Ред Бул. До крајот не видовме многу интересна трка, се одеше по план на тимовите и со тој редослед финишира трката.Како што претходно напоменавме Ветел го презеде водството од Вебер на стартот на трката, според него со помош на остатоците од додатната енергија на КЕРС-системот да избие на првото место по првата кривина. Тој потоа "се одбрани" од неговиот тимски колега, при кривината три и од тој момент па натаму Ветел само ја зголемуваше својата предност, која се одржуваше на околу 10 секунди. Марк Вебер најблиску се доближи до својот тимски колега при вториот и последен пит-стоп, поради грешката на Германецот на патеката во кривината три. Но, за кратко време разликата беше повторно вратена на договореното. Во последните моменти на трката тркачкиот инженер неколку пати го предупреди Ветел да се грижи за неговата предна десна гума која е на нејзиниот минимум. Но се тоа како да беше монтирано за да загризат можеби од Ферари и да ги натераат на грешка. Ова тврдење произлегува од фактот што при последниот круг Ветел ја премина линијата со личен рекорд и со најбрз финален сектор на трката.
Зад болидите на Ред Бул, мирна трка за Алонсо, со Маса позади себе да му го чува грбот. Тој можеше да одговори на темпото на Ред Бул, па му остана да чека било какви проблеми напред, но не се случи такво нешто. Маса ја подобрува нагло својата форма, и заврши 6.2с. од неговиот тимски колега, но немаше некои потешкотии, бидејќи имаше голема предност пред Кими Раиконен.
Нико Хулкенберг има доста добри трки, овојпат два пати го претекнуваше Роман Грожан за шестото место. Жан-Ерик Верн заврши пред неговиот тимски колега од Торо Росо, Даниел Рикардо на осмото место. Изненадувачки слаба трка за Луис Хамилтон, кој стигна до последниот бод на оваа трка.
Битката помеѓу Мерцедес АМГ и Заубер останува иста, откако ни еден од нивните болиди не успеа да освои поени. Кобајаши од херој во Јапонија, до неславна трка во Кореја. На стартот во нинџа стил ги отстрани Џенсон Батон и Нико Розберг од денешната трка. Уште една незавршена трка за Батон, кој сега треба да биде водечкиот возач на Мекларен. Се поставува прашањето, дали тој може да го поднесе тој товар на својот грб. Ни, Кобајаши не помина добро при инцидентот со Британецот, па се повлече од трката 15 круга подоцна.
ГОЛЕМА НАГРАДА НА КОРЕЈА
55 круга, 308.630км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1ч36:28.651
2. Марк Вебер Ред Бул + 8.200
3. Фернандо Алонсо Ферари + 13.900
4. Фелипе Маса Ферари + 20.100
5. Кими Раиконен Лотус + 36.700
6. Нико Хулкенберг Форс Индија + 45.300
7. Роман Грожан Лотус + 54.800
8. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 1:09.500
9. Даниел Рикардо Торо Росо + 1:11.700
10. Луис Хамилтон Мекларен + 1:19.600
11. Серџо Перез Заубер + 1:20.000
12. Пол ди Реста Форс Индија + 1:24.400
13. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ + 1:29.200
14. Пастор Малдонадо Вилијамс + 1:34.900
15. Бруно Сена Вилијамс + 1:36.900
16. Виталиј Петров Катерам + 1 круг
17. Хеики Ковалаинен Катерам + 1 круг
18. Тимо Глок Марусија + 1 круг
19. Чарлс пик Марусија + 2 круга
20. Нараин Картикрјан ХРТ + 2 круга
Најбрз круг: Марк Вебер - 1:42.037
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ При Круг
Педро де ла Роса ХРТ 17
Камуи Кобајаши Заубер 17
Нико Розберг Мерцедес АМГ 2
Џенсон Батон Мекларен 1
Генерален пласман по 16 трки:
ВОЗАЧИ: КОНСТРУКТОРИ:
1. С.Ветел 215 1. Ред Бул 367
2. Ф.Алонсо 209 2. Ферари 290
3. К.Раиконен 167 3. Мекларен 284
4. Л.Хамилтон 153 4. Лотус 255
5. М.Вебер 152 5. Мерцедес АМГ 136
6. Џ.Батон 131 6. Заубер 116
7. Н.Розберг 93 7. Форс Индија 89
8. Р.Грожан 88 8. Вилијамс 58
9. Ф.Маса 81 9. Торо Росо 21
10. С.Перез 66
11. К.Кобајаши 50
12. Н.Хулкенберг 45
13. П.ди Реста 44
14. М.Шумахер 43
15. П.Малдонадо 33
16. Б.Сена 25
17. Ж.Верн 12
18. Д.Рикардо 9