Новото задно крило на болидот на Ферари!!!
Фернандо Алонсо кој има предност од четири поени во однос на Ветел, верува дека Ферари ќе биде конкурентен на утрешната трка и дека се подобри од тимот на Ред Бул:"Се чувствувам позитивно и мислам дека трката може да биде добрa за нас. Вчера, долгите стинтови беа добри, а сега нам ни треба добар СТАРТ, добра стратегија, добри гуми, добар пит-стоп. Кога ќе ги земеме во предвид сите овие фактори кои се вклучени во трката, мислам дека ние сме најсилниот тим. Благодарение на тоа и водиме во шампионатот."
"Ред Бул во текот на викендот беа добри во последниот сектор, но тоа беше така и во минатото. Тие немаат многу брзина на правците. Но, јас не сум загрижен за утре, па дури и за преостанатите трки. Борбата за титулата ќе биде тешка, но тоа го знаевме и порано. Нивната предност е во болидот, а нашата предност е во тимот како целина."