Ред Бул е незапирлив!!!
Марк Вебер со Ред Бул ги изненади сите и ја освои Пол позицијата за Големата Награда на Кореја. Себастијан Ветел, кој изгледаше како прв фаворитот денеска требаше да се задоволи со втората позиција, во која малку има удел и Фелипе Маса. Трет најбрз денес беше Луис Хамилтон со Мекларен.Квалификациите во Кореја започнаа со интересна Q1 сесија и многу стресни последни минути за навивачите на Хамилтон и Алонсо. И двајцата почнаа да губат позиции откако возачите кои беа назад на табелата почнаа да излегуваат на патеката со супер меките гуми. Тоа го принуди Алонсо да излезе исто со супер-меките гуми на Пирели, но забележа одвај 16-ти резултат, а додека пак Хамилтон остана во боксот и само фактот што Бруно Сена со својот Вилијамс не успеа да го подобри своето време го остави во игра. Единствено Нараин Картикејан не забележа време бидејќи се изврте на патеката поради проблеми со сопирачките, но стјуардите се решија да му дозволат да стартува на утрешната трка.
Како последица на ова за Q2 немаше двоумење на какви гуми да се вози сесијата. Најголемиот губитник во овој дел беше Џенсон Батон. По бавниот својот прв обид, вториот исто така, не се покажа успешен. Иако тој беше "фатен" од жолтите знамиња, предивикани од Даниел Рикардо, кој застана на патеката поради проблеми со менувачот, Џенсон Батон рече дека дури и без нив немало да го подобри своето време, бидејќи направил грешка порано во кругот. Сепак тој ќе стартува од 11-та позиција и ќе може да избира со какви гуми да тргне, а тоа може да биде предност.
Во последната сесија возачите на Мерцедес АМГ и Нико Хулкенберг со Форс Индија се решија само за по еден брз круг како би ги заштедиле своите гуми, а сите останати направија по два брзи круга. На околу три и пол минути до крајот на Q3 возачите почнаа да излегуваат на патеката за своите последни брзи кругови. Тогаш видовме инцидент во боксовите на Мекларен и Мерцедес АМГ кога овие тимови речиси истовремено ги пуштија болидите на Шумахер и Хамилтон. За виновен е прогласен тимот на Мерцедес АМГ и е казнет со 10.000 евра. Во тие моменти Марк Вебер успеа да направи многу добар втор сектор и да го забележи денес најбрзото време, а Ветел не успеа да го подобри своето. На повторените снимки видовме дека Ветел имал проблеми со сообраќај на патеката т.е. болидот на Фелипе Маса.
Фернандо Алонсо стигна до четвртата позиција, Раиконен го забележа петтото време, Маса остана шести, а Грожан забележа седмо најбрзо време. Нико Хулкенберг се пласираше на осмата, пред двајцата возачи на Мерцедес АМГ, Нико Розберг на деветатата, и Шумахер на десеттата позиција.
Интересен е фактот што Победник на Трката во Кореја никогаш не бил возачот што стартувал од Пол позицијата. Минатата година, Ветел победи со старт од втората позиција, а со оглед како стојат работите во борбата за шампионатот работите може и да се повторат. Како што кажавме вчера, долгите стинтовина водечките тимови се тука некаде, па како ќе се одвива трката ќе ни каже самиот старт. Ако Ферари и Мекларен ги поминат Ред Бул уште на стартот, тогаш Ред Бул нема шанси за Победа, но ако ги задржат своите стартни позиции, тогаш веројатно ќе видиме една лесна победа на Ред Бул. Се надеваме како и секогаш на интересна трка со почеток во 08:00 часот по Македонско време.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Марк Вебер Ред Бул 1:37.242
2. Себастијан Ветел Ред Бул 1:37.316 + 0.074
3. Луис Хамилтон Мекларен 1:37.469 + 0.227
4. Фернандо Алонсо Ферари 1:37.534 + 0.292
5. Кими Раиконен Лотус 1:37.625 + 0.383
6. Фелипе Маса Ферари 1:37.884 + 0.642
7. Роман Грожан Лотус 1:37.934 + 0.692
8. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:38.266 + 1.024
9. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:38.361 + 1.119
10. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:38.513 + 1.271
Q2 Најбрзо време: С.Ветел 1:37.767
11. Џенсон Батон Мекларен 1:38.441 + 0.674
12. Серџо Перез Заубер 1:38.460 + 0.693
13. Камуи Кобајаши Заубер 1:38.594 + 0.827
14. Пол ди Реста Форс Индија 1:38.643 + 0.876
15. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:38.725 + 0.958
16. Даниел Рикардо Торо Росо 1:39.084 + 1.317
17. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:39.340 + 1.573
Q1 Најбрзо време: С.Ветел 1:38.208
18. Бруно Сена Вилијамс 1:39.443 + 1.235
19. Виталиј Петров Катерам 1:40.207 + 1.999
20. Хеики Ковалаинен Катерам 1:40.333 + 2.125
21. Чарлс Пик Марусија 1:41.317 + 3.109
22. Тимо Глок Марусија 1:41.371 + 3.163
23. Педро де ла Роса ХРТ 1:42.881 + 4.673
24. Нараин Картикејан ХРТ без поставено време
107% време: 1:45.082