Себастијан Ветел кој сега е на само четири поени зад Алонсо по трката изјави:
"Ова е важен чекор кон титулата, но има уште многу до крајот. Од трката во Белгија имаше толку многу случувања, па, не можам со сигурност да кажам што ќе се случи на следната трка. Ова е тотално луда сезона. За Алонсо дознав на средината од трката. Знаев дека имаше судир зад мене и видов болид на Ферари, но не бев сигурен од кого е. Подоцна за време на трката сфатив дека зад мене е Фелипе, а јас не знаев што се случи со Алонсо. Им благодарам на сите. Атмосферата беше неверојатна целиот викенд. Имав голема поддршка од сите страни. Понекогаш кога сонувам, сонувам за ваков болид. Сè беше совршено и тоа е причината зошто ние бевме во можност да победиме на толку доминантен начин. Јас сум многу среќен".
Фелипе Маса иако ја започна трката од 10-тата позиција, успеа да дојде до првиот подиум оваа сезона и прв подиум за него по 2010 ГП, завршувајќи на второто место:
"Денес е фантастично за мене овде во Јапонија. Квалификациите не беа толку добри, но на трката имав добар старт. Ова е убаво, и е како некој вид олеснување. Ова беше одлична трка во секој случај. Јас бев во можност да форсирам од почетокот до крајот, за да покажеме дека ние сме тука за да се бориме за победа и пласман на подиумот, а не само за поени. Во првата кривина јас успеав да ја избегнам несреќата, а болидот беше брз во остатокот од трката. Секако ова беше подобро трка отколку што очекував".
Камуи Кобајаши имаше неколку добри трки оваа сезона, но до пласман наподиумот дојде пред домашната публика:
"Ова беше фантастична трка. Ние навистина работевме напорно за да го обезбедиме овој подиум. Имав неколку шанси по добри квалификации и добра стартна позиција, но никогаш немав среќа во трката. Овој пат стартував како трет, а благодарение на доброто темпо и долгите стинтови во петокот на тренинзите, дојдов до посакуваниот резултат. Бев убеден дека ќе бидам добро пласиран на трката, ако имам добро стартно место, и ако имам добар старт на трката. Одбраната на третото место беше многу тешко, со Џенсон позади нас. На крајот мислам дека ова е фантастичен резултат, особено пред домашната публика. Ова е мојот прв пласман на подиумот и јас сум неверојатно среќен што радоста ќе ја споделам со толку многу фанови и луѓе кои ме поддржуваат. Кога ќе погледнам околу патеката, тоа е неверојатно. Фанови, ви благодарам".
2012 ЈАПОНИЈА ГП: ИЗЈАВИ НА НАЈДОБРИТЕ ТРОЈЦА
10/07/2012 07:42:00 PM
0
Tags
Share to other apps