КАЛЕНДАРОТ ЗА 2013 ПОКУС ЗА ЕДНА ТРКА?!?
10/19/2012 12:23:00 AM
0
Инаугуративната Големата награда на Америка, која требаше да се одржи во Њу Џерси, ќе се одложи една година т.е. ќе биде исфлена од календарот за следната сезона.
Берни Еклстоун и организаторите на овој настан ќе го објават ова во текот на денешниот ден. Првобитно трката беше закажана за 16 Јуни 2013 година, но се одложува една година, со цел организаторите да успеат да го завршат процесот на издавање дозволи потребни за комплетирање на 3,2-километарската патека покрај реката Хадсон во Њу Џерси.
Tags
Share to other apps