Alan Jones, Hesketh 308B
Хескет 308 и сестринскиот модел 308Б се Формула 1 тркачки болиди дизајнирани од страна на Harvey Postlethwaite за тимот на Хескет Ф1 кој се натпреварува во Ф1 Шампионатот во сезоната 1974 и 1975 година. Со овој болид Џејмс Хант ја забележа својата Прва Ф1 Победа во 1975 на Холанското Гран При во Zandvoort. Болидот бил придвижуван од Ford-Cosworth DFV мотор. Првобитно, Лордот Хескет, сопственикот на овој тим, имал планови за финансирање на изградба на V12 мотори, но тоа никогаш не се остварило, а останале само на DFV V8 моторите. Биле направени само четири шасиии на овој болид во текот на три натпреварувачки сезони.Својот деби настап болидот го има на 1974 Брендс Хеч, Трка на шампионите, а Хант ја освоил Пол позицијата. Но, на трката бил помалку успешен и се извртел на влажната патека во четвртиот круг. Почетните успеси немаа континуитет како што одминувала сезоната, бидејќи болидот се покажал брз, но несигурен, со различни дефекти на повеќето трки.
За 1975 година 308 е надграден со 308Б спецификации, со ревидирана каросерија и репозиционирани маслени ладилници. Болидот бил поконкуренет и Хант ја забележува првата Победа за овој тим на Холандското Гран При. Сепак, тоа останува и единствената победа за овој тим, а сезоната ја завршуваат на четвртото место во шампионатот на конструктори. За жал, по завршувањето на сезоната, Хескет тимот престанува да биде финансиран од Лордот Хескет, а Хант се префрла во Мекларен за 1976 година.
308 и 308Б болидите биле продадени, а Хескет тимот постигнува мал понатамошен успех. Можеби најпознат пост-Хант Хескет возач е Гај Едвардс кој договорил спонзорство со списанието за возрасни, Пентхаус, за 1976 година. Ова спонзорство им носи значителна популарност, но иако Едвардс се трудел со болидот, не освоил поени. Ќе остане запаметена неговата улога во спасувањето на Ники Лауда од неговиот запален Ферари во 1976 на Германското Гран При.