Остануваат само четири трки до крајот на оваа сезона и во моментов се чини дека Ред Бул се незапирливи. Три победи на Себастијан Ветел, со кои го превзеде водството во Генералниот пласман кај возачите. По двете последователни трки во Јапонија и Јужна Кореја, Ф1 календарот ни понуди малку одмор и можност за надополнување на батериите пред уште еден бран континуирани трки во Азија, од кои првата е за Индиското Гран При закажана за овој викенд. Ова ќе биде втора посета на Формула 1 циркусот на Индија на патеката Buddh, која е составена од два долги правци и разновидност на кривини кои се предизвикувачки како за возачот така и за болидот. Патеката има успони и надолнини, при што спуштањето е со градиенти од 8%, додека нагорнините се 10%. Стазата има ширина и до 20 метри во некои области што создава можности за разни претекнувања. Пирели ги донесе своите гуми со тврда и мека компонента за ова гран при.
Иако математички Ферари, Мекларен и Лотус се се уште во борбата за конструкторската титула, тоа во пракса ќе биде изводливо т.е. успехот им ќе зависи од евентуалната лоша среќа на Ред Бул. Оваа констатација можеби важи и кај возачите. Ветел и Алонсо имаат предност, но не е толку голема, кога некој од нив или двајцата не би ја завршиле трката. Нон-стоп го споменуваме тимот на Лотус кои повторно очекуваат уште од своите нови ауспуси, но успехот никако да дојде. Понатака, Мекларен ветија промени за Индија и Абу Даби, а истото се очекува и од тимот на Ферари. Италијанските медиуми оваа пауза ја искористија да шпекулираат со какви ли не промени на нивниот болид. Само од Ред Бул се тивки, но ни тие најверојатно нема да стојат со скрстени раце.
Заубер се релативно комотни на шестото место, ќе се обидат да го престигнат тимот на Мерцедес АМГ зад кого заостануваат дваесет поени. Тимот на Форс Индија, најавува дека не се откажани во потерата по Заубер. Многу варијабли кои се надеваме ќе допринесат за интересна трка во недела со почеток во 10:30 часот.
П.С.
Не заборавајте во сабота спрема недела да ги поместите часовниците еден час поназад.
ВО ПРЕСРЕТ НА ИНДИСКОТО ГРАН ПРИ
10/24/2012 02:56:00 PM
0
Tags
Share to other apps