Многумина го нарекувааа тандемот Рос Браун - Шумахер непобедлив, со оглед на враќањето на седумкратниот светски шампион во Формула 1 и договорот со тогаш новиот фабрички тим на Мерцедес, но за жал, листата на достигнувања во нивниот три-годишен период на соработка остана само со најдоброто време на Шумахер во квалификациите во Монако и победата на Розберг во Кина. Кога станува збор за сериозни резултати, легендарниот успех на "Сребрените стрели" се уште не е достигнат.
Наредниот период во историјата на Мерцедес ќе биде поврзан со доаѓањето на Луис Хамилтон. Британецот, заслужено се смета за еден од најбрзите возачи во историјата на Формула 1, и тој се надева дека ќе ги промени работите во овој тим:
"Имав избор или да го прифатам предизвикот на Мерцедес или да го изберам релативно полесниот начин, да ги поминам следните три години во силен тим, кој секогаш изработува многу брз болид, заработувајќи пристојна сума на пари. Се решив за предизвикот. Сакам да се борам, да се соочувам со тешкотиите, да му помогнам на својот нов тим да се искачи на врвот и да победува на трките."
"Ако не успееме да го направиме тоа, по истекот на договорот ќе имам само 31 година, ќе имам уште време.
Од финансиска гледна точка предложените услови и во двата понудени договори, од Мекларен и Мерцедес, беа речиси идентични. Така да беше полесно да се остане во Мекларен, уверен во конкурентноста на болидот. Но, јас сакав нов предизвик, да работам со други луѓе, да најдам заеднички јазик со нив и да научам нешто за себе.
Знаете, тоа е одлично кога можете да ја научите "машината" да биде побрза. Јас ќе направам сé за да се направи нашиот болид поуспешен од оној во кој што ќе седнам на почетокот."
ХАМИЛТОН ПОДГОТВЕН ДА НАПРАВИ "РЕВОЛУЦИЈА" ВО МЕРЦЕДЕС
10/06/2012 07:45:00 PM
0
Tags
Share to other apps