"Домот" на Ферари за трка што следува!!!
Тимовите ќе ги пробаат новите гуми на Пирели.За прв пат тимовите ќе ги пробаат гумите за 2013 за време на тренинзите во петокот во Бразил. Секој возач ќе добие по два дополнителни комплети на гуми. Од Пирели најавија дека тие ќе бидат сосема различни од овогодинешните, бидејќи конструкцијата им ќе биде различна, но смесите нема да се променат многу. Тоа пак ќе доведе до различни карактеристики на гумите при оптоварување. Тестот ќе биде доста важен за тимовите, но од друга страна може да влијае на шампионатот, ако дојде до борба во последната трка.
Серџо Перез може да ги пропушти тренинзите.
Возачот на Заубер има настинка и можеби ќе ги/го пропушти петочните тренинзи, ако неговата состојба не се подобри. Иако неговата состојба не е толку сериозна и најверојатно тој ќе учествува во квалификациите и трката, денес тој ги пропушти медиумските обврски за да се опоравува. Утре пред почетокот на тренинзите тимот ќе одлучи дали тој ќе земе учество или ќе биде заменет од Естебан Гутиерес.
Алан Џонс ќе им помага на стјуардите во Индија.
Поранешниот возач во Формула 1, Алан Џонс, ќе им помага на стјуардите во Индија. Ова ќе биде негово трето појавување како стјуард.
Макс Чилтон ќе вози за Марусја.
Макс Чилтон ќе вози за Марусја за време на првиот тренинг во Абу Даби. Тој ќе го замени Чарлс Пик.
Фернандо Алонсо убеден дека може да ја освои титулата.
"Мојата ситуација е сосема добра. Всушност тоа е втората најдобра ситуација за возач. Со четири трки до крајот имаме речиси исти бодови со Ветел и имаме повеќе можности за титулата. Ние сме во ситуација која ја посакувавме, да се бориме за титулата до самиот крај."