Трио фантастико: Сена, Фанџо, Брабам !!!
Верувале или не Италијанскиот Autosprint си направи листа на најдобрите Формула 1 возачи на сите времиња во која Аиртон Сена не влезе во Топ 3 пласман, а Фернандо Алонсо е целосно изоставен. За Италијанците Хуан Мануел Фанџо, пет кратен светски шампион во 50-тите години, го заслужува првото место. Тој е прв на листата пред второпласираниот Михаел Шумахер, со трикратниот Светски шампион Сер Џеки Стјуарт. Следуваат Аиртон Сена, Џим Кларк, Алан Прост, Сер Стирлинг Мос, Алберто Аскари, Ники Лауда и актуелниот трикратен светски шампион Себастијан Ветел ги заокружува првите десет. Од Autosprint појаснуваат дека при составувањето на оваа листа не биле анализирани само резултатите на патеката, туку и важноста и влијанието што возачот го имал и надвор од патеките.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.