Oхрабрувачки вести за здравствената сосотојба на Михаел Шумахер, која e практично непозната уште од неговата трагична несреќа на Алпите во 2013 година.
Според извори блиски до Дејли меил, седумкратниот шампион повеќе не е врзан за кревет и може да седи во инвалидска количка, а исто така ги подобрува и своите меѓучовечки односи.
Шумахер претрпе повреда на главата при скијање на Алпите. Поминаа повеќе од 12 години од тој трагичен настан, а на почетокот на 2026 година ја добивме добрата вест што толку ја посакувавме: значително подобрување на здравјето на Михаел.
Според Џонатан МекЕвој од Дејли меил, потврдено од извори блиски до семејството, Михаел Шумахер веќе не е прикован за кревет.
Понатаму, за време на посетата на сегашната резиденција на Михаел во Мајорка, овој реномиран новинар можел да потврди дека германската легенда може да седи во инвалидска количка. Исто така, забележлива е еволуција и во неговите меѓучовечки односи.
Друг извор близок до Дејли Меил открива следново: "Тој разбира некои работи што се случуваат околу него, но веројатно не сè."
Toj може да комуницира преку трепкање и е во состојба да разбере многу од работите што се случуваат околу него. Ова се постепени напредоци во способностите што досега не беа забележани.
Иако несреќата означи пресвртница од која се чини дека нема враќање, има многу позитивни вести во врска со здравјето на Шумахер. Легендата е свесна и има поддршка од целото семејство и добива врвна медицинска нега.
Исто така, вреди да се потсетиме дека минатата година семејството Шумахер го прослави доаѓањето на нов член, откако се породи најстарата ќерка на Михаел, Џина. Кајзер сега е дедо.
Денес пристигнаа добри вести во врска со здравјето на Шуми, и сите се надеваат на уште повеќе во наредните месеци.
ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА СОСОТОЈБА НА МИХАЕЛ ШУМАХЕР
1/26/2026 01:21:00 PM
0
Share to other apps


