Мерцедес-Бенц ги публикуваше првите фотографии од својот Ф1 мотор за сезоната 2014. Индикациите добиени со тестирањето на својот нов V6 1.6 турбо мотор, посочуваат дека ќе имаме возбудлива ера на Гран При трки од 2014 година кога влегуваат во сила новите правила.
Енди Каувел, управен директор на одделот на Мерцедес-Бенц за мотори со високи перформанси, ги отфрли стравувањата дека новите мотори нема да испорачаат возбудлив звук како тековните V8 мотори, и предвидува возбудувања за навивачите и предизвици за возачите.
"Моторите ќе бидат гласни, и мислам дека ќе звучат добро. Фреквенцијата ќе биде повисока, а со турбополначите кои ќе работат на 125.000 вртежи во минута, секако ќе бидат и гласни. Ќе има промени за возачите на болидите со овие мотори. Предност ќе имаат возачите кои размислуваат еден потег напред како да се добие максимумот од болидот и достапните горива."
"Моторите ќе испорачуваат многу поголем вртежен момент, особено на излезот од кривините. Болиди со повеќе моќ отколку грип при излегување од кривините. Тоа е нешто во што сите ние ќе уживаме."
"Ние го враќаме назад моторот во мотоспортот, но до кој степен ќе се знае во 2014 година. Но, дефинитивно ќе има поголемо влијание. Новите моторни единици ќе произведуваат 750КС како и тековните мотори, но поголем процент од нив ќе доаѓаат од системот за обновување на енергијата(ЕРС). Тековниот КЕРС-систем произведува 80КС за 6,7 секунди по круг, а новиот ќе испорачува 161 КС за 33,3 секунди по круг. Денес е тешко да се биде брз без КЕРС-от, а за 2014 година ќе биде невозможно да се тркаш без ЕРС(Energy Recovery System)."
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.