Ферари и Фелипе Маса најрезервирани на првиот тест ден
Џенсон Батон со својот МП4-28 го постави најбрзото време на првиот ден од тестирањето во Херез, а тимот со најмногу проблеми беше Мерцедес АМГ. Електричната инсталација се запали по само 14 круга извозени од Нико Розберг.Батон го постави најдоброто време во финалните десет минути од тест сесијата, и беше 0.850с. побрз од сите останати. Уште подобро е што поставеното најбрзо време е на тврдите гуми на Пирели. Но, не беше се во ред за Мекларен. Батон предизвика црвено знаме кога болидот застана на патеката, поради проблеми со пумпата за гориво. Проблемот бил од иста природа, како на Луис Хамилтон во Абу Даби. Најтрагично од се е што пумпата била комплетоно редизајнирана.
Марк Вебер го возеше RB9, и го забележа второто најбрзо време со медиум гумите. Австралијанецот исто така го забележа своето најбрзо време во попладневните часови. Во предпладневните часови од сесијата најбрз беше Ромен Грожан со Е21, што на крај беше доволно само за третото најбрзо време. Следуваа, Пол ди Реста, Даниел Рикардо, Фелипе Маса.
Стигнуваме и до Ферари - Ф138. Фелипе Маса и Ферари многу резервирани на денешниот ден, извозеа 64 круга, но... Се некако ми изгледа дека и оваа година нема да се најконкуренти... Се надевам дека не сум во право... Дежа ву од минатата година...
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Џенсон Батон Мекларен 1:18.861 37
2. Марк Вебер Ред Бул 1:19.709 0.848 73
3. Роман Грожан Лотус 1:19.796 0.935 54
4. Пол ди Реста Форс Индија 1:20.343 1.482 89
5. Даниел Рикардо Торо Росо 1:20.401 1.540 70
6. Фелипе Маса Ферари 1:20.536 1.675 64
7. Нико Хулкенберг Заубер 1:20.699 1.838 79
8. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:20.846 1.985 11
9. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:20.864 2.003 84
10. Гидо ван дер Гард Катерам 1:21.915 3.054 64
11. Макс Чилтон Марусија 1:24.176 5.315 29