Тимот на Катерам, денес во својата гаража на патеката во Херез, пред стартот на првиот ден од првата сезонска тест сесија, го промовираше својот болид за 2013 година, кој носи ознака CT03. Болидот беше откриен од страна на тимските возачи, Чарлс Пик, кој ќе се трка во болидот со број 20, и Гидо ван дер Гард кој ќе биде во болидот со број 21 за претстојната сезона.
Според тимот CT03 има технички карактеристики кои го прават различен од својот претходник, CT01, но поради малата промена на правилата воедно е негова еволуција. Болидот има подновен изглед со повеќе жолта боја додадена кон зелената, која е во посветла нијанса од минатогодишната темно зелена.
КАТЕРАМ ГО ПРОМОВИРАШЕ НОВИОТ БОЛИД - CT03
2/05/2013 03:59:00 PM
0
Tags
Share to other apps

