На девет досега одржани Кинески Гран При трки, имало осум различни победници, само Луис Хамилтон победи два пати во 2008 и 2011 година. Марк Вебер е единствениот возач кој завршил на подиумот во Кина по старт надвор од топ 10, во 2011 година, кога тој од 18-тата стартна позиција стигна до третото место. Ако Кими Раиконен заврши во поени во недела, тој ќе го стигне Себастијан Ветел во пласманот за најдолга низа на освојување на поени. Раиконен и Ветел моментно имаат 19 последователни резултати во поени. Само Михаел Шумахер (24) и Фернандо Алонсо (22) имаат повеќе.
ВОЗАЧИ
• Себастијан Ветел стартуваше од Пол позицијата во Шангај три пати, што е рекорд на оваа патека, но има забележано само една Победа во 2009 година. Тоа беше Прва Победа во историјата на Ред Бул, но од тогаш тие постигнаа уште 34 Победи. Ветел има само уште еден пласман на подиум во Кина, второто место во 2011 година. Неговите стартови тука се секогаш лоши. Во секоја од последните три трки, тој на стартот губи по најмалку две места.
• Марк Вебер беше на подиумот двапати во Кина од девет стартувани трки. Тој беше втор зад Ветел во 2009 година и трет место во 2011 година, со старт од 18-тата позиција. Вебер заврши надвор од топ 10 само еднаш во Кина, во 2008 година, кога беше 14. Тој ги завршил сите трки кои ги започнал на оваа патека.
• Фернандо Алонсо е Победник на Кинеското ГП во 2005 година со тимот на Мекларен и имаше пласмани на подиумот во следниве две години. Минатата година, тој беше само деветти, и секогаш ги завршува трките. Шпанецот, исто така, има одлични настапи на квалификациите. Тој беше на Пол позицијата во 2005 и 2006 година, и во дуелите со својот тимски колега изгубил само еднаш во 2007, кога беше победен од Луис Хамилтон.
Сепак, овој рекорд ќе биде ставен на тест оваа година, бидејќи во изминатите четири трки, Алонсо губи од тимскиот колега Фелипе Маса.
Алонсо никогаш не бил победен пет пати по ред во квалификациите во целата негова кариера. Тој исто така е под притисок да забележи победа на трка, што не му успеа во минатите 12 трки, негов најдолг пост откако се приклучи на Ферари во 2010 година.
• Фелипе Маса беше на подиумот во 2007 година како трет и во 2008 како втор. Минатата година, тој заврши како 13-ти, по судирот во првата кривина со Бруно Сена.
• Џенсон Батон во Кина има добри настапи. Тој беше на подиумот три пати во последните четири години, беше трет во 2009 година, победик во 2010 и беше втор минатата година. Тој беше четврти во 2011 година, така што во изминативе четири години тој завршува секогаш меѓу првите четири места.
Со оглед на сегашната форма на Мекларен, ќе биде интересно да видиме дали тој може да го задржи овој континуитет.
• Серџо Перез, од друга страна, се надева да ги подобри неговите постигнувања во Шангај. На неговите две Кинески ГП-ја досега, тој нема освоени поени.
Минатата година, тој беше најблиско до еден поен, но 10-тот место во последен момент му го одзеде неговиот тогашен тимски колега Камуи Кобајаши во завршните фази од трката.
• Кими Раиконен беше на подиумот четири пати од седум стартувани трки во Шангај. Тој Победи во 2007 година, беше втор во 2005 година, и трет во 2004 и 2008 година. Минатата година, имаше грешна стратегијата и заврши 14-ти, а беше втор на помалку од 10 круга до крајот на трката.
Раиконен никогаш не бил победен од страна на тимскиот колега во квалификациите, а неговиот резултат е 7-0. Секогаш добро стартува и никогаш не изгубил место на спринтот до првата кривина
• Роман Грожан минатата година ги забележа своите Први Ф1 поени со шестото место
• Нико Розберг е "специјалист" за оваа патека, беше во водство на минатите три трки, 78 од 168 круга, а минатата година ја освои Пол позицијата и ја забележа својата Прва Ф1 Победа.
Сепак, Кина е и последниот пат кога тој стапна на подиумот. Со Луис Хамилтон сегашниот тимски колега се победници на последните две Кинески ГП-ја.
• Луис Хамилтон е единствениот возач што има две Победи на оваа патека во 2008 и 2011 година. Во изминатите три години, тој секогаш бил на подиумот, втор во 2010 година и трет минатата година. Тој, исто така, стартуваше од Пол позицијата во 2007 и 2008 година.
Интересно, тој секогаш беше победуван од страна на Џенсон Батон во квалификациите тука, кога тие беа тимски колеги помеѓу 2010-12 година.
Како и Раиконен, Хамилтон никогаш не губи места на стартот.
• Нико Хулкенберг има три настапи во Кина, во 2011 за Форс Индија настапи само на петочните тренинзи, а во 2010 со Вилијамс и 2012 со Форс Индија на квалификациите беше 16-ти, а трката ја заврши на 15-тото место во двата случаи.
• Пол ди Реста, исто така, има три настапи во Кина, двапати стартуваше трка, најдобар пласман во квалификациите му е 8-та позиција, а 11-то место во трката.
• Адриан Сутил има пет настапи на оваа патека, во период од 2007-11 година. Има три незавршени трки, и нема освоено поени. Минатата година паузираше, откако го изгуби возачко место во Форс Индија. Оваа година повторно се враќа во истиот тим.
• Пастор Малдонадо во двата негови настапи на оваа патека, минатата година го забележа својот најдобар пласман со 8-то место, воедно тоа беа првите негови поени во Шангај.
• Жан-Ерик Верн минатата година беше дебитант на оваа патека, на квалификациите беше последен, а трката ја заврши на 16-тото место.
• Даниел Рикардо минатата година ја имаше својата прва трка во Малезија, но тоа не беше негово деби на оваа патека. Тој дебитираше на тренизите во 2011 година. Се квалификуваше на 17-тата стартна позиција, а трката ја заврши на 17-то место.
• Чарлс Пик во своето деби во Формула 1 со тимот на Марусија беше само 20-ти. Оваа година со тимот на Катерам, се надева на поголем успех.
• Естебан Гутиерез, Валтери Ботас, Гидо ван дер Гард, Жил Бјанки и Макс Чилтон се дебитанти на оваа трка.
ТИМОВИ
• Ред Бул ја забележа својата прва Победа и Пол позиција 2009 Кина ГП-то, но минатата година двата болида немаа пласман на подиумот.
• Ферари има три Победи на оваа патека во 2004, 2006 и 2007 година(200-та Победа со Кими Раиконен), но
има пад во формата во последните неколку години. Тимот има пласман на подиумот уште во 2008 година, кога Маса беше втор и Раиконен беше трет.
Квалификациите настапи на Ферари, исто така, не се баш многу добри. Имаат една Пол поиција со Рубенс Баричело во 2004, но немаат стартувано од
првиот ред од 2008 година.
• Мекларен е победник на Кинеското ГП двапати во изминатите три години, во 2010 и 2011. Третата победа беше во 2008 година со Луис Хамилтон. Минатата година двата нивни возачи беа на подиумот, зад Розберг.
• Мерцедес АМГ доминираше на трката возена минатата година, го имаа првиот стартен ред со Розберг и Михаел Шумахер. Тимот се надеваше на еден-два победа, но Шумахер мораше да се откаже од трката откако механичарите не го затегнаа неговото тркало по направениот пит-стоп. Розберг оствари лесна победа.
• Лотус сеуште нема Победа тука со ова име, но како Рено Победи во 2005 година, со Фернандо Алонсо, 25-та јубиларна за овој тим. Шпанецот забележаи две Пол позиции во 2005 и 2006 година.
• Вилијамс нема позначајни резултати на оваа патека.
• Заубер минатата година го имаше најбрзиот круг тука, кој го забележа Камуи Кобајаши, а неговиот тимски колега Серџо Перез имаше водство во три круга. Имаат освоено 8 поени.
•Торо Росо, Форс Индија, Катерам и Марусија немаат некој позначителен усшех на оваа патека.
Извор: Forix, најголемата база на Ф1 податоци и Аутоспорт.
2013 КИНА ГП: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР
4/12/2013 08:42:00 PM
0
Tags
Share to other apps