Формула 1 карванот директно од далечниот се сели кон блискиот исток во Бахреин за четвртата трка од сезоната. Големата награда на Бахреин се одржува од 2004 година и за тоа време таа се етаблира како уникатна и предизвикувачка патека. Правливата средина може да предизвика проблеми за моторите, а пустинската жештина го прави ладењето како најголем приоритет и миксот на бавни кривини на крајот од долгите правци значи дека тоа е една од најтешките патеки за сопирачките во целата сезона.
Додека гумите веќе го дефинираат поредокот во шампионатот, прашината додава уште една променлива за нивната употреба, со зголемување на грејнингот кога патеката е валкана. Сето тоа значи дека Бахреин ГП нема да биде лесна трка за секој од тимовите. Сепак, на крилата на победата на Алонсо во Кина, Ферари ќе пристигне тука полн со самодоверба. Оптимизмот го зголемува и фактот што Шпанецот е возачот со најмногу победи(3) на патеката Шакир, 2005, 2006 и во 2010 година. Плус, следниот најуспешен возач е Фелипе Маса, кој има две победи во 2007 и 2008 година.
Но, сигурно дека победата не им е загарантирана, а Себастијан Ветел, Кими Раиконен пристигнуваат на оваа патека по нова победа. Мерцедес АМГ изгледа конкуренет како никогаш досега, а петтото место на Џенсон Батон во Кина докажува дека и Мекларен почнува да се враќа меѓу побрзите болиди.
Пирели ќе ги донесе двете најтврди компоненти од својата 2013 палета, а тоа се P Zero портокаловите тврди и P Zero Белите медиум гуми. Тоа се двете компоненти кои се најпогодни за доста абразивниот асфалт и високите температури што се очекуваат на оваа патека. Асфалтната површина е составена од 60.000 тони увезен гранит од Англија, и кога е чист нуди добар грип.
На оваа патека стратегијата и , следствено, бројот на пит-стоповите се определува со термичката деградација, особено кај задните гуми, наместо вистинското трошење на гумите. Очекуваниот животен век на тврдата гума, ќе биде од 15-17 круга, а на медиум гумите околу 13-15 круга. Како последица на тоа се очекува победничката стратегија да биде три застанувања за промена на гумите.
ВО ПРЕСРЕТ НА БАХРЕИН ГРАН ПРИ
4/19/2013 01:36:00 AM
0
Share to other apps