Кими Раиконен ќе го има својoт прв старт од предниот ред од 2009 Монако ГП-то откако ја обезбеди втората стартна позиција за утрешното Кинеско Гран при во Шангај. Кими ги користеше меките гуми на Пирели и ќе стартува на ист ред со Луис Хамилтон на првата позиција. Роман Грожан со пласман во Топ 10 и шестата стартна позиција.
Кими Раиконен: "Ова се моите најдобри квалификации со тимот на Лотус, што е добро, но се разбира дека секогаш сакам да бидам на Пол позицијата. Имавме прилично незгоден викенд досега и имавме неколку мали проблеми со подесувањето на болидот. Но, секогаш е тешко да се подеси болидот токму онака како што сакате и се чини дека тој сега работи добро. Гумите секако ќе бидат голем знак прашалник утре, некои од ривалите ќе стартуваат на медиум гумите, но ние одбравме стратегија што мислиме дека ќе е најдобра за нас. Се надеваме дека можеме да менаџираме добро со деградацијата, како што правевме и досега оваа сезона и се надеваме на добра трка утре."
Роман Грожан: "Петокот беше тежок ден, а пропуштивме некое време и на саботниот тренинг, па ова е предизвикувачки викенд, но конечно сум повторно во болидот. Имавме некои мали проблеми тука и таму, но инженерите работат напорно и прават фантастична работа за да имаме болид каков што посакувам. Мојот прв круг на медиум гумите во Q1 е всушност мојот прв со тие гуми па моравме малку да погодуваме со подесувањето, но мислам дека направивме добра работа. Се разбира, секогаш сакате да го направите тоа уште подобро, но целокупно сум задоволен. Болидот беше многу подобар ова попладне, па ајде да видиме што можеме да направиме во трката."
ВО ЛОТУС ЧУСТВУВААТ ДЕКА ПОБЕДАТА Е БЛИСКУ
4/13/2013 05:49:00 PM
0
Share to other apps