Луис Хамилтон ја забележа својата Прва Пол позиција со Мерцедес АМГ во Шангај. Тимскиот колега, Нико Розберг, се квалификуваше на четвртата позиција и трката ќе ја започне од вториот ред. И двајцата возачи комплетираа само по еден брз круг на меките гуми во секоја од трите квалификациски сесии. Хамилтон беше најбрз во секоја сесија и ја обезбеди Пол позицијата со предност од 0.277 секунди. Розберг се квалификуваше на четвртата позиција, и покрај проблемите со хидрауликата на утринскиот тренинг.
Луис Хамилтон: "Пол-позицијата е одличен резултат за нас и да се постигне тоа во мојата трета трка за тимот е толку добро чувство. Морав да се осигурам дека радиото е исклучено, кога мојот инженер ми рече дека сум на Пол позицијата, бидејќи јас бев толку возбуден! Никој од нас не го очекуваше ова ниво на перформанси во оваа фаза од сезоната и тоа е вистински бонус. Момците во фабриката и тука во боксовите работат напорно, и јас сум задоволен што бев во можност да ја испорачам мојата Прва Пол позиција со Сребрените стрели. Би било одлично ако Пол позицијата ја претвориме во Победа утре на трката, но тоа нема да биде лесен предизвик и ние сме реални за тоа дека не очекува тешка трка. Меките гуми не траат многу долго, а со неколку брзи момци кои ќе стартуваат со медиум, ќе биде интересно да се види како ќе се развива трката. Со нетрпение го очекувам утрешниот старт и ќе го дадам својот максиум."
Нико Розберг: "Денес имавме многу добар тимски резултат и П4 е пристојна позиција за мене. Утринава имав хидраулични проблеми, па ги користев базичните квалификациони поставки од Луис за почетната поставеност на болидот, кои работеа добро. При мојот брз круг во Q3 сесијата, направив мала грешка во последната кривина, која ме чинеше можеби неколку десетинки од секундата. Но, јас сум во добра позиција за трката и ние работевме многу на перформансите за трка, па се надевам дека можам да напредувам нагоре во поредокот. Тоа ќе биде интересна трка со некои од момците кои ќе стартуваат на медиум гуми, па ајде да видиме што ќе се случува.
2013 КИНА ГП: МЕРЦЕДЕС АМГ СО НЕОЧЕКУВАНО ДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ
4/13/2013 08:08:00 PM
0
Share to other apps