Овој викенд следува Ф1 трка на улиците на Монако, шеста од оваа сезона, трка на која сите тимови и возачи најмногу сакаат да победуваат. Традиционално, Монако е една од најтешките патеки за престигнување, таа е тесна и оградена со многу блиски бариери, без брзи кривини, со два кратки правци и најниска просечна брзина на сезоната од само 160 км/ч.
Постојат само малку можности за успешно престигнување, од кои најверојатното место за успешно престигнување е на излезот од тунелот при кочењето за влез во двојната кривина, но возачите мора да бидат внимателни затоа што излегувањето од тркачката линија може да значи и губење на контрола врз болидот. Монако бара одредена техника на возење во близина на бариери и ова е место каде што возачот може да направи вистинска разлика. Тоа е тест на ментална сила на возачите, бидејќи треба да се задржи концентрацијата на високо ниво во секој момент од текот на трката.
Како што беше случај во последните две години, меките и супермеките гуми на Пирели се повторно номинирани за Монако ГП. Тоа се двете гуми чии карактеристики се брзото загревање и големиот механички грип, што е од суштинско значење на оваа патека. Исто така, нивната деградација треба да е најниска во сезоната, што значи максимум два пит-стопа по болид треба да биде нормален просек.
За разлика од другите трки, слободните тренинзи се одвиваат во четврток, наместо петок, што има влијание на еволуцијата на патеката. Монако е особено тежок за сопирачките. Тоа пренесува топлина на гумите, која се додава на стресот врз нивната конструкција. Влегувајќи во Sainte Devote, на пример, болидите намалуваат 160км/ч во само 100 метри. Гумите, исто така, трпат исклучително тешки оптоварувања при комплексот кривини кај базенот, каде што тие удираат врз ивичниците со повеќе од 200км/ч и доживуваат странични забрзувања од 3.65Г. Возачот прави повеќе од 130 потези со воланато за време на еден круг, и менува степен на пренос во просек на секои 50 метри. Сите овие постапки влијаат на гумите. Кривината Loews се зема со најмалата брзина во сезоната, со само 47км/ч. Поради ниската брзина, не постои аеродинамичен downforce, така што целосата работа отпаѓа на предното десно тркало кога станува збор за менување на насоката.
Досега оваа сезона безбедносното возило не излегуваше на патеките, но Монте Карло е статистички со најголеми шанси за употреба на безбедносното возило, со околу 80%. На минатите три трки безбедносното возило излегуваше на патеката и тоа, 2012, еднаш од 2-4 круг, 2011, два пати од 34-36 и 69-72 круг, 2010, дури 4 пати, од 1-6, 31-33, 43-45 и 75-78 круг. Ова јасно би имало големо влијание на стратегијата за трка. Минатата година, првите 10 возачи, имаа стратегија со еден пит-стоп. На секоја трка каде престигнувањата се минимални, па така и во Монако, квалификациите се многу важни.
ВО ПРЕСРЕТ НА 2013 МОНАКО ГП
5/21/2013 09:39:00 PM
0
Tags
Share to other apps