По пет трки и четири подиуми, Кими стигнува во Монако со извонредно привлечни четири поени зад водечкиот во шампионатот на возачи. Како што објаснува Iceman, предизвикот во Монако е сосема поразличен од досегашните трки од оваа сезона.
Мора да се чувствувате прилично добро со вашата моментална позиција во шампионатот и перформансите на вашиот болид?
- Па, ние не сме на прво место, па не можеме да бидеме премногу среќни. Сигурно, ова не е кошмарна сезона, но следуваат уште многу трки, а во Формула 1 се може да се случи. Монако е поинаков предизвик, па ние ќе мораме да видиме што ќе се случува на патеката.
Минатата година немавте добар настап. Дали се надевате на подобро оваа година?
- Ние сигурно нема да ги направиме грешките што ги направивме минатиот пат. Имаше неколку нешта што ние не ги направивме на вистинскиот начин, па затоа целиот викенд страдаше заради тоа. Понекогаш и тоа се случува, но најважно е да не ги направиме истите грешки повторно.
Како го дефинирате Монако ГП?
- Бесмислено е да се ставаат трките во различни категории, бидејќи сите до една се многу важни, ако сакате да го освоите Шампионатот. Сепак, не постои друга трка како Монако ГП-то, не постои подобро чувство кога работите се одвиваат во вистинскиот правец. Да се тркате низ улиците на Монте Карло е навистина поразлично од секое друго место и тоа е предизвик кој јас со нетрпение го очекувам секоја година. Тука е многу, многу тешко, речиси невозможно, да имате совршен викенд.
Победивте на 2005 Монако ГП-то. Како се чувствувате?
- Досега успеав да победам само еднаш и навистина се чувствував посебно во тие победнички моменти. Мојата Победа во 2005 година, е еден од моите најдобри спомени, така да ако повторно победам, задоволството ќе биде исто како и тогаш.
Кој е предизвикот возејќи го болидот на оваа патека?
- Таа е толку тесна, кривулеста патека, и вие мора да бидете екстра внимателни и да се фокусирате низ секој метар. Брз круг околу Монако, тоа создава прекрасно чувство. Престигнувањето е речиси невозможно, па за вистински да уживате во трката треба да се во првите стартни редови.
Кажете нешто за атмосферата?
- Монако е секогаш посебен. Тоа е интересно место, со многу фанови и многу забава, барем така ми кажале :) . Тоа е сосема поинаква атмосфера од било кoe друго место.
Каков е вашиот пристап кон годинешната трка?
- Ние треба да се фокусираме на квалификациите. Тоа е тешко место за трка, патеката е многу тесна и, како што реков претходно, престигнувањето е скоро невозможно. Бев заглавен зад Рубенс во 2009 година, и тогаш ние имавме КЕРС, но вие едноставно не можете да престигнете. Ние ќе мора да видиме како ќе се однесуваат гумите, да се направи добра стратегија, но најважната работа ќе биде да се квалификуваме на добри стартни позиции. Тешко е да се знае колку ќе биде добар болидот во Монако, бидејќи не може да се симулираат неговите карактеристики, бидејќи не е сличен со нити една патека на која се тркавме досега оваа сезона. Може да кажеме дека E21 беше брз на сите трки, па да се надеваме дека ќе биде брз и во Монте Карло.
Рековте дека квалификациите се многу важни за Монако, но нели е тоа болната точка на E21?
- Ние ќе работиме најдобро што знаеме, но се разбира дека сите ќе атакуваат на првиот стартен ред. Тоа не е невозможна мисија за нас, но ние нема да знаеме колку сме брзи се додека не излеземе на патеката. Знаеме дека гумите треба да се сменуваат, па ќе се обидеме да ги предвидиме сите можни стратегии за да имаме добар викенд, но тоа е секако потешко тука отколку на други патеки.
КИМИ РАИКОНЕН: МОНАКО ЕДЕН ПОИНАКОВ ПРЕДИЗВИК
5/21/2013 11:08:00 PM
0
Share to other apps