2014 регулативите им поставуваат нов предизвик на инженерите во овој спорт со завршување на 300 километрарската трка со само 100 кг гориво. За да се овозможи тоа, тимовите се префрлаат од атмосферски 2,4 литарски V8 мотори на 1,6 литарски V6 турбо хибридни погонски единици. За да се постигне моќност која може да се спореди со сегашните нивоа од новата погонска единица ќе се бара 30% зголемување на енергетската ефикасност.
Овој чекор напред во голема мера ќе се постигне преку систем за обновување на енергијата(ERS - Energy Recovery system), кој ќе биде во можност да испорача десет пати повеќе енергија отколку сегашниот КЕРС-систем. Новиот ЕРС-систем ќе ја обновува енергијата од турбина кај издувните гасови и од задната оска, како и имплементирање на енергија назад кон овие две компоненти. Овие нови технички достигнувања ќе понудат значително поголеми можности за трансфер на технологија од Формула 1 во реалниот свет на автомобилите во областите како што технологија на батерии за хибридните возила, турбо полначите, обновување на енергијата и ефикаснот на согорувањето.
ПРОМЕНИ НА ПАЗАРОТ ЗА МОТОРИ ОД 2014
П. ТИМ 2013-МОТОР 2014-МОТОР
1. Мерцедес АМГ Мерцедес Мерцедес
2. Ферари Ферари Ферари
3. Ред Бул Рено Инфинити
4. Лотус Рено Рено
5. Мекларен Мерцедес Мерцедес(Хонда од 2015)
6. Форс Индија Мерцедес Мерцедес
7. Заубер Ферари Ферари
8. Торо Росо Ферари Рено
9. Вилијамс Рено Мерцедес
10. Марусија Косворт Ферари
11. Катерам Рено Рено