Незаборавни моменти на Мекларен и Хонда со МП4/4
Мекларен денес и официјално потврди дека ќе формира ново повеќегодишно Формула 1 партнерство со Хонда, но не како што се очекуваше од следната година, туку од 2015 сезоната.Тоа значи дека повторно ке имаме обединување на едно од најголемите партнерства во Формула 1 историјата, во текот на 1980-тите и 90-тите, кога Мекларен и Хонда освоија 8 Титули и победија на 44 трки, забележаа 53 Пол позиции и 30 Најбрзи кругови, сите во само 80 трки. Во 1988 година, ова партнерство го создаде веројатно еден од најуспешните Ф1 болиди на сите времиња, Мекларен-Хонда MP4-4, која беше возен од Аиртон Сена и Алан Прост кои забележаа неверојатни 15 Победи од 16 трки таа сезона.
Врз основа на таа историја, Мекларен и Хонда повторно ќе се посветат на градење на најсилното можно партнерство во Формула 1. Но, се започнува 2015 година, дали тоа значи уште изгубена 2014 сезона за Мекларен? Од Мекларен веруваат дека соработката со Мерцедес нема да биде компромитирана, и дека нивните инженери ќе продолжат да ја даваат и поддршката што е потребна за да се атакува на Шампионската титула.
"Тие ќе ни ги даваат сите потребни информации што ни требаат, а нашите инженери многу блиску соработуваат со нив"- вели Џонатан Нил, управниот директор на Мекларен. Навистина, штом соработуваат мора да им ги дадат потребните информации, но дали ќе добиваат и нешто повеќе од тоа. Мислам дека Мерцедес нема целосно да ги откриваат нивните адути, т.е. ако ги имаат.
Партнерството на Мекларен и Хонда низ бројки:
- 5 години на партнерство - 1988 до '92 година;
- 80 стартувани трки;
- 53 Пол позиции, 66% успешност;
- 44 Победи, 55% успешност;
- 30 Најбрзи кругови, десет од нив само во 1988 година;
- 8 Шампионски титули, во возачи, Аиртон Сена (1988, 1990, 1991) и Алан Прост (1989), и Конструкторски титули во 1988, 1989, 1990 и 1991 година;
- 3 типа на победнички мотори, 1,5-литарски турбо V6, 3.5-литарски атмосферски V10, 3.5-литарски атмосферски V12;