Пол Хембри денес излезе со соопштение во кое објаснува дека целата палета на гуми ќе се промени од Канадското Гран При, со користење на ревидирана конструкција, и објаснува зошто се решиле на овој чекор. Новите гуми ќе претставуваат комбинација на елементи од 2012 и 2013 година, за да се зголеми нивната издржливост и перформанси.
Се надевам само дека од Пирели ќе ја пронајдат вистинската средина помеѓу сегашната ситуација, која не им одговара на Мерцедес АМГ и Ред Бул и правење на поиздржливи гуми, што не би одговарало на Ферари и Лотус. Пред се да се избегне повторна доминација на само еден тим, што не би одело во прилог на Формула 1 спортот.
"Нашата цел е да им обезбедиме на тимовите нова палета на гуми кои ќе ја комбинираат стабилноста на 2012 гумите и ефикасноста на сегашните. По разгледувањето на податоците од првите неколку трки, ние одлучивме да воведеме понатамошна еволуција на нашите гуми. Како што стана јасно и на Шпанското ГП во Барселона бројот на пит-стоповите е премногу висок, па новите промени, исто така, ќе значат и намалување на бројот на влегувања во бокс."
"Со ограничено време за тестирање и со сегашните прописи за зимски сесии ни се ограничи можноста да ги тестираме гумите под исти услови како и за тркачката сезона. Ние, нои тимовите сме на истото мислење за повеќе време за тестирање, но и различни локации за следните тестови. Нашите 2013 гуми ги произведовме врз основа на внимателни симулации, кои, сепак, не беа доволни, со оглед на подобрена брзина на болидите (до 3 секунди по круг)."
"Ние, исто така, го преземаме овој чекор за да се избегне деламинацијата на гумите предизвикана од остатоците на патеката. Важно е да се истакне дека деламинацијата, која се случува кога шарата на гумите отпаѓа, не ја загрозува безбедноста на возачите, бидејќи главната структура на гумите не се оштетува, помагајќи им на возачите да го завршат започнатиот круг и безбедно влезат во бокс за промена на оштетените гуми. Ние би сакале да им се заблагодариме на сите тимови за нивната континуирана и исклучително ценета поддршка за взаемната соработка да се идентификува точниот компромис помеѓу чистата брзина и трошењето на гумите, која нè прави светски лидер во секторот за ултра високи перформанси и глобалниот спектакл наречен Формула 1."
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.