ПИРЕЛИ ПОДЛЕГНА НА ПРИТИСОКОТ, ЌЕ ГИ МЕНУВА ГУМИТЕ
5/13/2013 12:35:00 AM
0
Пол Хембри, директорот за мотоспортот на Пирели изјави: "Стратегија повторно беше во прв план на Шпанското ГП во Барселона, каде што како и обично имавме многу тешка трка за гумите. Уникатниот дизајн на патеката е причината зошто видовме високи нивоа на деградација, кои не треба да се видат повторно до овој степен за остатокот на сезоната. Нашата цел е да има помеѓу две и три застанувања во секоја трка, па јасно е дека четири се премногу. Тоа се случи само еднаш, во Турција за време на нашата прва година во спортот. Ќе гледаме да се направат некои промени, на време за Силверстоун, за да бидеме сигурни дека ќе се одржи нашата цел и да ги решиме сите прашања по брза постапка. Честитки за Фернандо Алонсо и Ферари кои напорно работеа од почеток до крај за да ја применат стратегијата од 4 пит-стопа и да забележат многу популарен резултат. Тие ја планираа својата стратегија од самиот почеток на викендот, со мудро користење на гумите за време на квалификациите, а потоа на трката со некои фантастични претекнувања."
Tags
Share to other apps