ФЕЛИПЕ МАСА НЕ Е КРИВ ЗА ВТОРИОТ СУДИР ВО БАРИЕРИТЕ
5/28/2013 05:12:00 PM
0
Од Ферари со официјално соопштение потврдија дека причината за второто излетување на Фелипе Маса за време на трката во Монте Карло е дефект на предната лева амортизација на неговиот болид. Тоа беше втор идентичен судир за Бразилецот, а за првиот тој ја презеде вината за излетувањето. По судирот беше префрлен во болница, но беше утврдено дека нема посериозни повреди и дека веднаш заминал во Бразил на неколкудневен одмор. Тој ќе биде подготвен за учество на следната Гранд При трка во Канада.
Фелипе Маса: "Мојата трка заврши во 28 круг по судирот во Sainte Devote, речиси на истиот начин како и на третиот слободен тренинг. Бев однесен во болница за превентивни прегледи и за среќа се е во ред. Јас сум во ред, имам само мали болки во вратот, но ништо сериозно. Сега, ќе гледам да се вратам во форма и да бидам 100% подготвен за трката во Монтреал. Се што сакам е да заборавам на овој лош викенд за мене и да мислам за што подобро возење во остатокот од сезоната."
Share to other apps