Луис Хамилтон, сега веќе со стаж од седум години во Формула 1, мисли дека е доволно зрел
за да се справи со било кој тимски колега. Пред да премине во Мерцедес за 2013 година,
за Меклареновото момче се шпекулираше дека е можно да се приклучи кон тимот на Ред Бул,
чиј возач Себастијан Ветел веќе е трикратен Светски Шампион во овој спорт.
Д-р Хелмут Марко, поучен од не баш сјајното
согласување на Хамилтон со некогашниот тимски колега Фернандо Алонсо, тогаш изјави дека не е
едноставен проблем кога двајца "алфа мажјаци" ќе се судрат.
Но, Хамилтон во изјава за Daily Mail го има спротивното мислење:
"Сега јас сум постар, сигурен сум дека ќе имаме поинаков однос. Секако ќе има
интензивни моменти затоа што и двајцата сме брзи, па ние ќе бидеме многу блиску еден до друг,
но и двајцата сме многу позрели. Мислам дека сега сум многу подобар
во градењето на односите со моите тимски колеги. Тоа пред се зависи од самите возачи."
"Ставете ги Себастијан и Фернандо во ист тим и тимот ќе биде во неволја веднаш...
Хемијата ќе го направи своето... Но, мислам дека сега може да возам и со Себастијан,
само што нема да ја намалувам моќта на моторот."
Хамилтон, кој веќе не е под контрола на Рон Денис
или на неговиот татко Ентони, исто така,
вели дека тој научил да се справува со критиките упатени на негова сметка.
"Мислам дека јас дефинитивно имам поголем праг на толеранција.
На почетокот од мојата кариера бев лесно избувлив, но сега мојата ментална сила е подобрена."
ЛУИС ВЕРУВА ДЕКА МОЖЕ ДА ФУНКЦИОНИРА ДОБРО ВО ИСТ ТИМ СО АЛОНСО И ВЕТЕЛ
5/07/2013 06:23:00 PM
0
Tags
Share to other apps