Кими Раиконен вели дека тој и Лотус мора да реагираат брзо и да го запират добриот старт на Себастијан Ветел и на оваа сезона, доколку сакаат да имаат сериозни шанси за освојување на некоја од Титулите од 2013 Формула 1 Шампионатот. Преселбата на Европско тло е шанса за нов почеток на сезоната, Кими има две победи на оваа патека, а за да забележат нова според него треба да се пласираат на првите два стартни реда за трката:
"Не е тајна дека сакаме поголема брзина од болидот во квалификациите. Поредокот е многу тесен на врвот, меѓу најбрзите болиди, и ние навистина треба да бидеме на првите два стартни реда за да можеме да се бориме секогаш за Победи. Имам две Победи во Барселона, а минатата година бев на подиумот. Јас навистина со нетрпение очекувам повторно да се тркам на оваа патека. Навистина ми се допаѓаат трките во Европа. Не треба да се патува многу далеку, па целокупната ваша енергија е зачувана за време на тркачкиот викенд. Традиционално сезоната вистински започнува кога се враќаме во Европа. За мене, тоа е одлично."
КИМИ САКА ПОБРЗ БОЛИД ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ
5/04/2013 02:42:00 PM
0
Share to other apps