АЛОНСО ИЗБЕГНА КАЗНА ЗА ПРИМАЊЕ НА ШПАНСКОТО ЗНАМЕ
5/13/2013 12:04:00 AM
0
Фернандо Алонсо нема да бидe казнет поради тоа што застана на патеката за да го земе Шпанското знаме, по неговата Победа на денешното Шпанско Гран При. Победникот бил повикан од стјуардите по трката, бидејќи "добивајќи предмет по крајот на трката" претставувало потенцијално прекршување на член 43.3 од Формула 1 спортските прописи. По истрагата за инцидентот, стјуардите одлучија да нема понатамошни дејствија во согласност со претходно донесените одлуки под слични околности.
Share to other apps